Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Нема здравје, без СВЕСНО ЗДРАВЈЕ!

  • 01 Авг, 2022
  • Com 0

Задоволство ми е да споделам со сите Вас дека триесет учесници ја посетуваа и успешно поминаа, десет неделната програма СВЕСНО ЗДРАВЈЕ и постигнаа свесна промена кај себе и своето здравје од ментален, емотивен, физички и духовен аспект.

“Со учеството во 10 неделната програма СВЕСНО ЗДРАВЈЕ добив лекции за мојот личен раст и развој за тоа како можам да се избалансирам физички, психички, емоционално и духовно, за да можам самоуверено и храбро да ги завршувам задачите кои ги имам во животот и да си го живеам животот како јас што сакам. Со други зборови оваа програма која ја поминав ми даде духовен имунитет со кој полесно и послободно се реализирам во животот. Имаше прекрасна дружба и разбирање меѓу сите нас во групата кое иако беше онлајн, навистина беше успешно бидејќи личните искуствата не зближија. Среќна сум што заедно растев со сите учесници во оваа програма.” Зорица Исајловска  

Поради севкупната ситуација оваа програма беше специјално адаптирана за работа од дома со исклучок последниот час  кој го нареков “диплимирање“  каде ги споделивме искуствата, поклоните, сертификатите, зборовите и храната се разбира на отворено.

“Најпрво сакам да ви се заблагодарам на групата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ. Ми беше чест и задоволство да го минам овој пат, овие 10 недели со сите нив. Сите учесници, на некаков начин успеаа да ми помогнат, да дојдам до оваа верзија на себе. Добив поголема свесност, поголема самодоверба, самодисциплина, љубов, конечно се засакав, (still work in progress), подобро здравје, многу енергија, и се пронајдов себе си. “
Александра Анаќијева

Преку оваа програма учесниците:

– Ја зајакнаа свесноста за себе и своето здравје
– Се ослободија од немирните мисли и менталните токсини
– Добија јасна ментална слика за себе и својата иднина
– Го зајакнаа контактот со своето тело, ум и душа
– Се исполнија со позитивна енергија за животот
– Запознаа позитивни луѓе со кои станаа први братучеди
– Разменија лични искуства и емоции
– Ја зајакнаа личната врска со универзумот

“Преку програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ добив поголемо себеспознавање, поврзување со внатрешното дете, совети и инструкции за секој ден да биде “мојот ден”и најважно од се  прекрасна група во која не се срамам да споделам мои лични работи и тоа за прв пат….”

Соња Калајџиска Павловска

“Медитацијата и целокупната програма СВЕСНО ЗДРАВЈЕ го зајакнаа мојот мозок и ја подобрив способноста за јасно размислување и носење на одлуки. Почнав да се ослободувам од внатрешните гласови во мојот ум, кои се понекогаш колебливи, исплашени. Секоја одлука која ја носам ми е многу почиста, појасна и се фокусирам на донесената одлука.”
Гордана Темелковска Костовска

“Преку програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ осознав многу работи за себе , се поврзав со прекрасни души, ми помогна да пребродам многу полесно-тежок период и многу работи во мене се сменија. Едноставно 10 недели учење, среќа и љубов.”   
Ели Дамјаноска  

Најдобро за  ова невероватно 10 неделно патување можат да кажат учесниците.
“Тоа  што беше изненадување за мене во продрамата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ е дека одредени личности во мојот живот имале многу поголемо влијание врз мене отколку што сум била свесна за тоа, и дека самата себе потсвесно се саботирам. Сватив дека и кога имам  здравствени проблеми тие се резултат на саботажите кои си ги правам себеси.”  Милица Трпчевска
“Спокој и ослободување од непожелни емоции” Габриела Христовска

“Стекнав знаење за нови вештини, техники и методи за унапредување издигнување на севкупното ментално и физичко здравје.”  Кристина Ганзовска
Кажаа за Билјана Пешева:

***

Прав професионалец. Суптилна во секој поглед. Личност која од прва средба, иако преку екран, ја чувствуваш како близок и драг пријател. Целокупното водење низ програмата за овие недели изискува голем труд од нејзина страна, а сепак се добива слика дека сето тоа е направено со огромна леснотија. Нејзината посветеност и пред се љубов кон тоа што го работи, се гледа во секој сегмент од оваа програма. Билјана ја доживувам како моја водилка во патешествието на самозапознавање. Ти благодарам за се до сега.

Гордана Трајаноска

***

Билјана е толку посветена на својата работа и постојана грижа за сите, не само за време на часовите туку е достапна за секоја дополнителна информација ил исостојба да ја ислуша и да ти даде прави насоки како да продолжиш понатаму! Ти благодарам Биби и му благодарам на Универзумот што те имам за пријател и тренер!

Јасмина Арсова

***

Биби, Она што го правиш е чудесно и така неопходно во нашата земја

Ирена Иванова

***

Билјана Пешева е прекрасен професионалец, целосно посветен на подобрување на свесното здравје на луѓето.

Владимир Костовски

***

Билјана е човек кој се дава и внесува во тоа што го работи МАКСИМАЛНО СО СИЛНА ЕНЕРГИЈА И ЖЕЛБА. За мене единствена личност која ми предизвикува солзи, што ме  ослободува и  ми значи многу како канал за подобрување на своето здравје.

Весна Ристовска

***

Мојот „прозорец кон светот“ во овој момент од мојот живот е Биљана Пешева. Ми помогна да ги надминам некои свои ограничувачки ставови, ми помогна да го согледам моето постоење од друг агол, ми помогна да тргнам по нови непознати патеки, ми помогна во момент кога се соочував со тежок период од мојот живот. Ја запознав Биљана сосема случајно, е тоа е силата на кармата и енергијата која ми ја прати космосот. Се запишав за првпат на часовите за Јога, го завршив курсот ” Зголеми ја својата самодоверба и моќта во себе’, активно се вклучив во секоја бесплатна програма и предизвик кој ни го нудеше Биби и сега ја завршувам 10-неделната програма ” Свесно здравје”. Навистина немам зборови, едноставно Биљана Пежева е личност за респект. Со нејзе и покрај нејзе почнуваш да учиш, да истражуваш, да читаш, да се надоградуваш, да практицираш, да работиш и ти се отвораат неограничени можности, видици и патишта кои водат кон целосно исцелување на комплетната личност – на телото, емоциите, чувствата, духот, на кармата. Така, човековото тело се доведува во хармонија и баланс, потполно ослободено од било какви негативни сензации и манифестации. А ти сјаеш со светлина која заслепува и чекориш без да ја допираш земјата!

Гордана Темелковска Костовска

***

Тагови:
#biljanapeseva#emotionalfreedom#healingconversations#healingyourmind#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditaion#mentalhealtawarness#onlinepersonaldevelopment#svesnozdravje#wellnestraining
Споделете на:
Вистинската промена е таа што се случува внатре во секој еден од нас !
Системски интегриран тренинг за емоционално ослободување од токсични улоги и релации по методот на психологот Филис Кристал

Последни постови

Thumb
Грижата за себе не е луксуз: Предновогодишен
15 Дек, 2025
Thumb
✨Силата што нè движи: Моја лична ретроспектива
07 Дек, 2025
Thumb
Татковиот благослов – енергијата која нè турка
07 Дек, 2025

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (182)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (62)
  • Курсеви (9)
  • Личен развој (88)
  • Настани (50)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се