Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Најава за јога активен одмор во Никити

Зошто токму сега е вистинскиот момент да си подариш јога одмор во Никити?
📆 21 – 28 септември 2025 | Никити, Грција
Дали ти треба пауза од брзиот ритам на секојдневието? Пауза која не е само одмор, туку длабоко враќање кон себе?
Ако одговорот е „да“, тогаш те поканувам да ни се придружиш на новиот есенски Wellness & Yoga активен одмор во прекрасното Никити, Халкидики – од 21 до 28 септември 2025 година.
Овојпат ќе престојуваме во топлата и пријатна вила Paradise, со голем тревник за јога, во тивко и зелено опкружување. Сместувањето е веднаш до Koviou Holiday Village, каде што ќе уживаме во вкусна медитеранска храна – доручек и вечера, подготвени со љубов и свежи локални состојки.
А плажата Ковиу – еден од бисерите на Ситонија – ни е на само 5 минути пешачење. Таму ќе ги завршуваме деновите со медитација на зајдисонце и ќе впиваме тишина, мир и убавина.
✨ Тема на овој ретрит: „Активирај го детето во себе“
Оваа тема ми е особено блиска – затоа што сите во себе го носиме тоа дете кое сака да се радува, да се движи слободно, да се смее и да биде автентично.
Преку јога, медитација, работа на себе и креативни активности, ќе ја вратиме таа живост и ќе создадеме простор за внатрешен раст, ослободување од стрес и вистинска регенерација.
💛 Што те очекува?
✔️ Утринска и вечерна јога
✔️ Медитации и техники на дишење
✔️ Wellness вечерни работилници
✔️ Тим билдинг активности
✔️ Простор за тишина, интроспекција и време за себе
✔️ Прекрасни прошетки покрај море, дружење, смеа и радост
Овој ретрит не е само одмор – тој е патување кон себе.
Без разлика дали си почетник или веќе практикуваш, ова е програма прилагодена за сите.
ℹ️ Информации за резервација:
📍 Локација: Вила Paradise + Koviou Holiday Village, Никити
📆 Термин: 21 – 28 септември 2025
💰 Цена: 420 € (26.000 денари)
📌 Вклучено: 7 ноќевања + доручек и вечера (полупансион) + целосна јога и wellness програма
👨👩👧 Сместување во дво- и трокреветни соби
🚐 Можен организиран превоз (дополнително)
🗓️ Плаќање во 2 рати:
-
Прва рата до 10 август
-
Втора до 10 септември
📩 Пријави се:
📲 Вибер: 070 234 740
📧 healthyyogaskopje@gmail.com
💳 Плаќањето може да се изврши:
– на жиро сметка СУНА “Хелти Лајф”: 300000000379694 (Комерцијална Банка)
– или онлајн со картичка на овој линк 👉 ПЛАЌАЊЕ СО КАРТИЧКА
📸 Погледни ги искуствата од претходните јога одмори:
Ако те влече чувството дека ова ти е потребно – следи го.
Твоето место е овде. Твоето време е сега.
Љубов и светлина
Билјана Пешева
Wellness & Yoga водич | Trainer & Author