Моментално празен: 0ден
Блог
Мајнфулнес за наставници: Клуч за лична благосостојба и успешна работа со деца
Да бидеш наставник е повик, тоа не е само професија. Наставниците се тие кои со своите поуки, очекувања и верба во младите ги обликуваат иднините лидери и креатори. Затоа, нивната улога во општеството е непроценлива.
Но, кога зборуваме за наставниците, секојдневните предизвици со кои се соочуваат, како што се нарушеното ментално здравје, недостатокот на комуникациски способности и други потешкотии, знаат да бидат исцрпувачки. Но, мајнфулнес практиките кои се користат низ цел свет, се важна алатка за благосостојба, како за наставниците така и за младите ученици.
Корисност од практикување на мајнфулнес практики
Мајнфулнес праксата не поврзува со “сега и тука” и помага во развивањето на духовната и емоционалната стабилност. Наставниците често пати се соочуваат со преголемата одговорност и емоционален товар кој го добиваат од нивната улога. И тука, помоштта што мајнфулнес праксата им ја нуди е неоценлива.
Тич Нат Хан, будистичкиот монах и учител, кажал: „Дека дишеме и сме живи е чудо. Овој момент е чудо.” Оваа порака ни помага да ја разбереме моќта на свесноста, и внатрешниот ритам на мирот.
Редовно практикување на мајнфулнес практики овозможува да се подобри вниманието, да се редуцира стресот и да се развиве емпатија.
Далај Лама кажал: „Ако ги учиме децата на медитација, го елиминираме насилството во светот, во една генерација.“
Успешно одржан семинар за наставници
Во рамките на проектот “HEALthyME – Ментално благосостојба на младите во училиштата во Македонија,” успешно се одржа семинар за наставници во Скопје. Обработивме техники за опуштање, свесно дишење, работевме со техниката R.A.I.N и имавме интерактивната игра со огледало, испирирана од Self Love Rainbow.
Заклучивме дека значењето на грижата за себе е клучно за наставниците, а учесниците направија осврт на 2024 и погледнаа кон 2025, фокусирајќи се на тоа како да изградат подобра лична благосостојба и да допринесат во општеството.
Овој проект е финансиран од Mind & Life Institute