Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Летно патување кон себе -Активен одмор Јуни 2022

  • 28 Јун, 2022
  • Com 0

Да го разбудиме дете во себе, не оди без да дадеш шанса на луѓето и ситуациите околу тебе. Можеби звучи грубо, но пријателите исто како приоритетите се менуваат.

Додека некои врски бледнеат, други растат. И тоа е ОК, тоа е природниот тек на работите.

Сѐво нашиот живот се менува и трансформира.

Се се менува во определено време.

А нас, ни беа потребни седум дена, да ги пуштиме внатрешните кочници или ограничувања, при средбата со нови лица.

Имавме седум, исполнети со активности денови, за да она кое го носиме несвесно – пред нови лица падне, или личните маски и зашитити се извадат.

Седум дена активен јога одмор направи да “детето” во секој еден до нас, излезе и навистина се препушти на програмата, вежбите, пријателствата, морето и дружењето.

Навистина ја сакам оваа работа, особено кога гледам како се трансформираат учесниците, ден по ден. И секој еден од нив,  доаѓа со една енергија а си оди со друга!

А, предвидувањето беше дека ќе врне. Е, врнеше ама веднаш се прилагодивме и ги искористивме,  тие први денови да направиме детокс на телото во Спа центар полн со сауни и сулфурни термални води во близина на Фурка. Сите заедно бевме како мали деца на екскурзија. Имавме прекрасна покриена дрвена платформа на отворено – обезбедена од хотелот каде ja изведуваме нашата програма и редовната јога практика  без разлика дали сонцето пече, врне или вее.  И плус имавме посебна платвофрма за вечерните работилници каде споделувавме знаење, вештини и задачи.

Една учесничка ми кажа:

“Mногу се мислев, дали да дојдам. Во исто време моето друштво беше во близина на одмор. Си велев , сите ќе бидат постари од мене и ќе слушам  “глупости”….но, сега не се каам, ниту еден миг за тоа што дојдов. Никогаш нема да пропуштам ваква шанса повторно.  Научив толку многу од искуствата и знаењето што секој еден го понуди на овој активен одмор. Вежбав, се смеев, се радував и забавував со нови лица млади но и со постарите. На пример од докторот Гојко научив за поврзаноста на хормоните со моите енергетски центри, од  Бубе ја слушнав тајната на виталноста, која оваа 83 годишна жена ја сподели со сите нас, а од Весна Јанкуловска пак, прочитав толку мудрости, кои таа ги сподели со сите нас преку нејзината книга “Слободен пад”. Прекрасен одмор на умот , телото и душата. Нема шанси и немам како, да ги запознаам сите овие прекрасни лица во мојот секојдневен живот. Одличен избор направив. (А.А)

А кога ја прашав а што научи од мене, покасно го добив овој одговор:

“Од тебе Билјана научив што значи професионализам и што значи кога човек работи со љубов. Не можам да ти опишам кога те гледав на плажа онака лабаво и релаксирано, со сите нас се однесуваше, а потоа за време на јога часот или работилницата како да се претвараше во друга личност. Зрачиш со ентузијазам, со посебна енергија, луѓето ти веруваат и можат да се потпрат на тебе. Секогаш кога ќе видам успешни и моќни луѓе, кои на некој начин се тука околу мене и те сослушуваат и потикнуваат, како ти мене, во мене, се раѓа огромна почит и восхит”

И уште нешто….

По завршување на активниот одмор, јас и учесниците на овој активен одмор добивме топла порака, од една “воздржана” учесничка  која на некој начин ја отсликува целокупната динамика на овој активен одмор, но и укажува на личната трансформација која таа и сите ние, на ова волшебно патување ја доживеавме:

“Oткако ги средив импресиите од @Retreat HealthyYoga Furka можам само едно нешто да напишам, дека тоа токму и ми беше потребно! Ослободувањeто од секојдневните обврски (од секаков вид) ми даде дополнителна енергија и справување на поедноставен и поуспешен начин со истите тие. И би додала…мојот лик и одраз на лицето зрачи со позитивната примена а насмевката што се повеќе ја забележуваат, другите околу мене, за мене  кажува сѐ ! Па, нели суштината на животот е да се живее и да се пронајде личниот рецепт за сопственото среќно живеење, секој сам за себе?   Уште учам за тоа…  и нема брзање… полека со “раат и мерак”.

Ти благодарам @BiljanaPeseva за водството и Ви благодарам на сите што учествувавте.”

Напиша  O.A учесник на Активниот јога одмор 8-15 Јуни 2022

 

Па, до наредниот активен одмор продолжете да верувате во вашите проценки. Прегрнете ги новите  релации или пријателства, знаејќи дека влегувате во непозната територија. Бидете подготвени да научите, бидете подготвени за предизвици и бидете подготвени да запознаете некој што може да го промени вашиот живот засекогаш.

Љубов и светлина за сите

Билјана Пешева

https://staging4.healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2022/06/0-02-05-0c37f5cb6f136e30f216b645554f17190cc5e92faef3ce582f62120fb29350b4_8a095d6c37031726.mp4

 

Тагови:
#hathayoga#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditation#retreat#yogaonline
Споделете на:
Јога поздрав од 1.480 метри надморска височина
Прославете го Меѓународниот ден на Јогата со Пикник Јога

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се