Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Крушево јога пристига
Искористете го продолжениот викенд во месец Октомври и дојдете на три дневен активен јога одмор на 1250 метри надморска висина во волшебното Крушево
Идеално годишно време за посета на Крушево нема. Мештаните велат дека Крушево е идеално само по себе, па ако сакате ведри ноќи, свежи и пријатно топли есенски денови може да појдете за 11 Октомври со нас и да го почуствувате тоа.
Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзo и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Поради промена на начинот на живеење последните месеци многумина се жалат дека неможат да посетуваат редовно часови јога поради недостиг на време, страв и многу обврски. Еве прилика токму за Вас, каде во неколку дена, ќе искустите древни и модерни техники за совладување на стресот и ќе ги избалансирате вашите мисли и емоции.
Гледајте на овој активен јога одмор како на едно патување кон себе, каде преку активностите и задачите кои ќе ги имате во текот на овие три дена, ќе ги смирите вашите мисли и ќе ги избалансирате вашите емоции и најважно од сѐ ќе се вратите освежени и подготвени за совладување на предизвиците од вашето секојдневие. кои никаде нема да ви побегнат.
Крушево активен јога одмор ви нуди:
✓ 4 дневно незаборавно дружење (3 ноќевања со вклучено доручек и вечера)
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ Тимски активности
✓ Медитација
✓ Техники за дишење
✓ Тишина
МЕТОДИ НА РАБОТА
– Јога вежби : Ќе практикуваме едноставни и ефикасни лесни хата јога вежби за истегнување и опуштање на телото, наутро и навечер преку кои ќе си овозможите да го почуствувате и енергизирате своето тело, да ја подобрите неговата флексибилност и ги проширите внатрешните граници.
– Техники за дишење: Ќе научите техники на дишење преку кои ќе можете да го неутрализирате длабоко вкоренетиот стрес и ќе го намалите заморот. Преку пракиткување на техники на дишење ќе ја подобрите личната благосостојба, ќе го зголемите оптимизмот, зајакнете менталниот фокус и ќе си ја подигнете имунолошката функција на организмот.
– Креативна визуелизација: Оваа единствена техника за опуштање и визуелизирање, специјално развиена за да се практикува со луѓе и кои немаат предходно искуство во тоа, помага да се смири болката и вознемиреноста во умот и дава способност и моќ да се исклучите по своја
– своја воља од внатрешно вознемирувачки ситуации. Оваа техника ќе ве однесе кон состојба во која вашиот ум ќе научи да се релаксира и да биде буден истовремено, со што се постигнува чувството на проток на енергијата.
– Тишина: Ќе имаме сесии во кои ќе правиме интроспекција во тишина, која заедно со техниките за дишење и медитациите, резултира со длабока детоксикација и ќе му овозможи на вашиот ум да се опушти целосно, истовремено оставајќи можност да се изрази автентично но и да се приклучи на внатрешниот извор на креативност и радост.
– Групна работа: ќе примениме научно дизајнирана алакта за проверка на личноста, ќе усвоите поголемо разбирање за интраперсоналната комуникација која влијае врз работата на вашиот Ум и законите на умот која ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си и другите.
Придобивки од учество на овој активен јога одмор
– Ефективност: Длабоко чувство на релаксација и одмор, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во животот.
– Среќа: Зголемување на свесноста за личното здравје и благосостојбата
– Фокус: Усвојување на техники за смирување и центрирање на умот и личниот фокус а во исто време воспоставување на активна и будна состојба на умот
– Способност да се исклучите: Усвојување на вештини за одделување на стресот и напнатоста од вас самите. Способност да спиете подобро ноќе.
– Одржливо однесување: Ќе научите како самостојно да ги користите техниките а со тоа добивате систем на одржливо однесување кое може да ви стане камен темелник на почетокот на вистинска грижата за себе.
Јога вежбите и сесиите ќе се изведуваат во природа
МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ
Хотел Монтана Крушево – хотел со 4 звезди
Дата 9-12 Октомври 2020
Во цената е вклучено:
– 3 ноќевања
– Полупансион (доручек и вечера)
– Учество на активниот јога одмор
Во цената не е вклучен превозот и други неспомнати трошоци
ЦЕНА по човек
Еднокреветна соба 7.770 мкд
Двокреветна соба 6.870 мкд
Постои можност за учество на целокупната програма за оние кои ќе бидат во Крушево а се сместени на друго место. Цената изнесува 1.500 мкд
Рок за пријавување: 26 Септември 2020 со уплата на 50 % од износот
Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694
За прашања и информации тука