Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

10 НЕДЕЛИ ДО СВЕСНО ЗДРАВЈЕ

  • 02 Авг, 2022
  • Com 0

Ексклузивна десет неделна програма за постигнување на ментална, емотивна, физичка и духовна рамнотежа наменета за сите оние кои ја имаат изгубено својата лична моќ, самодоверба и среќа во животот.

Инспирирана од мојата досегашна работа и желбата да помогнам на сите оние кои се чуствуваат заглавени во својот живот – на било кое поле и ја изгубиле својата лична моќ и самодоверба, креирав  програма за постигнување на ментална, емотивна, физичка и душевна рамнотежа преку практикување на методи за подобрување на севкупното здравје и добробит.

Групата е во формирање. Контактирајте не за да ги дознаете наредните термини 

Оваа програма е специјално адаптирана за работа од дома. Без разлика што времето за секој еден од нас е се уште несигурно, и има се повеќе депресија, анкциозност, неприфаќање, тага, или заглавеност во животот,  Ви ветувам дека преку оваа програма Вие ќе влезете во контакт со себе но и во контакт со вистинска група на луѓе, кои имаат исти желби и тежненија, иста цел, да се подобрат на својот личен пат и да се исполнат со мир, среќа и личното задоволство.

За да се приклучите на оваа програма не е потребно да имате предходно искуство на работа на себе или искуство со медитација. Оваа програма можат да ја посетуваат и почетнии и напредни практиканти. Се што ви треба е да имате стабилен интернет и два часа време за себе во неделата.

ШТО ДОБИВАТЕ СО ВАШЕТО УЧЕСТВО

ВОДСТВО ОД ЕКСПЕРТ

Билјана Пешева е сертифициран тренер по Законот за образование во Република Македонија со искуство во работа со групи и поединци повеќе од 10 години. Таа е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми, курсеви,семинари и ретрити. Нејзиниот простап е холистички (сеопфатен) и насочен кон подобрување на целокупната состојба на личноста. Таа од 2013 година води јога часови за физичко и ментално здравје, тренинзи и обуки за подобрување на комуникацијата и развој на меки вештини, тим билдинзи како и медитации по методот на психологот Филис Кристал.

ВОДСТВО ВО ЖИВО 

– 10 недели – 10 дво-часовни сесии онлајн во живо
– 10 Лекции за подобрување на металното,емотивно, физичко и душевно здравје
– 10 Водени медитации
– Можност да ги гледате сесиите за цело време траење на курсот.
– PDF материјали и инструкции
– Вежби за работа
– Сертификат за завршна програма за подигнување на свеста за менталното здравје “Elevate Mental Health Awareness”

СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА

 1. Контрола на свесниот ум
– Свесниот ум е тој кој ја има моќта врз старите обрасци на мислење. Преку оваа лекција ќе научите како да се поврзете и препуштите на внатрешното водство а преку медитацијата ќе научите како да се ослободите од старите обрасци на вашиот Ум.
 2. Енергетска само-заштита
– Ќе научите методи и техники за заштита од надворешните влијанија,  проследено со медитација за само-заштита
3. Поврзување со твоето тело  
– Преку оваа лекција Вие ќе ги видите и елиминирате Вашите стравови поврзани со вашето ментално, емотивно и физичко тело. Но, ќе дојдете и до вашето спиритуално тело кое е е полно со светлина и мир. Преку оваа лекција и медитација а вие ќе научите нови начини за поврзување со него и водење на исполнет и среќен живот .
 4. Поврзување со Повисоката Свесност
– На свесно ниво мудроста која лежи во вас е заборавена, но преку оваа лекција и  медитација Вие ќе научите како лесно да се поврзете и ја повикате кога вам Ви треба.
 5. Oслободување од врските кои ограничуваат
– Секој човек преку папочната врска е поврзан на физичко ниво со својата мајка. Иако  таа врска се прекинува на физичко ниво,  таа останува да постои на енергетско ниво. Покасно во животот, преку емоциите се врзувате со други луѓе, па со оваа лекција ќе научите како да се одврзите од енергетските врски кои ве спречуваат автентично да живеете.
6. Oслободување од минатите животи
– те стравови и случки, за кои Вашиот свесен ум нема одговор, се кодирани и постојат во вашето спиритуално тело. Преку оваа лекција и медитација ќе се вратите во минатите животи и ќе успеете да ја ослободите од себе таа закопана енергија  и ќе се стекнете вредност и знаење кое ќе го користите во овој живот.
 7. Отварање на Внатрешното Око
– Интуицијата овозможува да ги гледате работите онакви какви што се, гледајќи ги целосно – од сите агли, без толкувањето на вашиот ум. Преку оваа лекција Вие ќе го отворите вашето  внатрешно (трето) око и ќе научите како да ги гледате работите на друг начин.
 8. Исцелување
– На сите нас ни треба внатрешно исцелување. Тоа може да биде физичко емотивно или ментално.  Преку оваа лекција Вие ќе научите како да се поврзете со божествената лекувачка енергија , да се прочистите и исцелувате себе и своите чакри.
9. Примање
– Многу луѓе можат да дадат многу работи од себе но многу тешко можат и знаат да примат нешто за себе самите. Ова лекција ќе ви помогне да ја зајакнете вашата самодоверба и ќе ве научи да примате безусловно.
10. Повторно раѓање и водење на извонреден живот
– Исто како во вистинското раѓање вам Ви е потребна помош за спиритуалното раѓање. Оваа медитација пожелно е да се направи кога сте на крај на некој циклус или започнувате нов циклус.

Во цената е вклучено:

– 10 недели – 10 дво-часовни сесии онлајн во живо
– 10 Лекции за подобрување на металното,емотивно, физичко и душевно здравје
– 10 Водени медитации
– Можност да ги гледате сесиите за цело време траење на курсот.
– PDF материјали и инструкции
– Вежби за работа
– Сертификат за завршна програма за подигнување на свеста за менталното здравје “Elevate Mental Health Awareness”

АЖУРИРАНО:

Групата е формирана и е од затворен карактер. За други програми следете не овде и на социјалните медиуми.

Тагови:
#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotional#freechallenge#mentalhealth#onlineprogram#PROGRAM#svesnozdravje#yogaasana
Споделете на:
ТРИ ДНЕВЕН ПРЕДИЗВИК ЗА ДЕТОКС НА ТВОЈОТ УМ СО БИЛЈАНА ПЕШЕВА
Крушево јога пристига

Последни постови

Thumb
Повик од Космичката Мајка: Вечер на поврзување
10 Јул, 2025
Thumb
Најава за јога активен одмор во Никити
10 Јул, 2025
Thumb
Контакт што лекува: приказна од јунскиот јога
04 Јул, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (170)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се