Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Јануарски спиритуални работилници и личната духовност

  • 03 Мар, 2025
  • Com 0

Секој јануари, веќе три години по ред, ги одржувам  “Јануарските спиритуални работилници”. Знаете имам сфатено дека јануари е прилично затворен, тажен и понекогаш тежок месец, па затоа не постои подобро време од тоа да се свртиме кон себе и својата лична спиритуалност од овој месец. Среќна сум што повеќе од пеесет учесници оваа 2025 година, ја разбраа таа моја порака и се приклучија на петте недели истражување и понирање во себе, своето минато, карма, љубов и блаженство.

Оваа година, посебен фокус ставив на медитациите и техниките преку кои развиваваме љубов кон себе и љубов кон нешто позначајно од нас самите. Учесниците искусија како е да се поврзат со себе и својата лична духовност, како да прифатат љубовта и како да ја споделуваат со другите.

Да се биде духовен не значи само да веруваш, туку значи да живееш во хармонија со себе и светот околу себе, па затоа овие работилници беа вистинска можност за учесниците да ја искусат љубовта како трансформативна сила која постои и се движи низ сите минати животи а и овој во кој сега живееме. Преку водени медитации, вежби за свесност и техники за енергетско поврзување, учесниците допреа до својот мир и чувството на исполнетост.

Еве мал дел од сведоштвата на учесниците. Тие кажаа:

“ Јас ја препорачувам програмава кај моите пријателки. Медитациите е добро да ги помине секој, без разлика дали вежба јога или не, зашто секој треба на секојдневно ниво да се грижи за својата физичка, психичка, емоционална, енергетска и духовна чистота.” Петкова Дијана

“Mи се допаѓаат медитациите од Јануарскиот курс, затоа што учам како да го смирам умот, сфатив дека имам многу стравови и знам дека ќе научам и како да ги отпуштам(надминам) . Ми се допаѓа и тоа што е достапно до секого.”  Стоилковска Сузана

“ Многу ми се допаднаа медитациите. како беа водени, смирувачкиот глас на Билјана прави чуда, толку многу лесно се опуштав и смирував, беше прекрасно. Ептен професионално.” Габи Антониевска

“Ми се допаднаа , многу се поразлични од други медитации , треба време за да се прифатат како такви. Исто открив дека многу работи треба да прифатам , многу да отпуштам , да променам некои уверувања, кои дел сум ги достигнала а за останатото продолжувам да работам на себе” Светле Јакимовска

Еве што дел од учесниците кажаа за Билјана Пешева:

“Билјана е прекрасна жена, медитациите и целата програма беа одлично смислени и организирани, добар контент, со таков смирувачки тон ги водеше медитациите што едвај чекав да дојде следен час за да ја слушам повторно.” Габи Антониевска

“Ти се воодушевувам. Блазе си ти што успеваш да го изменаџираш и избалансираш приватниот со професионалниот дел од животот. Малкумина успеваат во тоа или можеби зашто јас не успевам имам чувство дека се малкумина. Се радувам за и со тебе на твоите успеси” Дијана Петкова

“Билјана многу умешно успева да комуницира со различни луѓе и да ги сослуша” Баковска

“Феноменална во секој поглед. Срдечна, со милозвучен глас,  знае да сослуша и не е наметнува, затоа јас ја обожавам.” Стоиловска Сузана

До наредниот јануари, останете поврзани со себе и негувајте ја љубовта во сите нејзини форми. 🌿💜 А ако сакате да прочитате повеќе за љубовта и нејзините форми кликнете ТУКА 

Љубов и светлина

Билјана  Пешева

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Пет неделниот курс “Јануарски спиритуални работилници” е нејзин авторски креиран курс кој од 2023 година секој Јануари се одржува.   

 

Споделете на:
Љубовта и духовноста: Петте фази на љубовта според древните списи
Во клубот Патот на Душата ќе стасате до својата автентичност, спонтаност, свесност и интимност

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се