Моментално празен: 0ден
Блог
Љубов без граници: Како да изберете партнер со срце и разум
Што влијае на изборот на партнер?
Наизглед едноставно прашање, но одговорот е многу комплексен. Изборот на партнер е резултат на комбинација од свесни и несвесни фактори. Најчесто, потеклото од семејството и моделите на однесување кои сме ги научиле во детството играат клучна улога.
На пример, девојка која имала проблематичен татко – насилник или алкохоличар – може несвесно да избира партнери со слични карактеристики. Терапевтите често сретнуваат случаи каде жените, чии татковци биле алкохоличари, завршуваат во брак со мажи кои ја имаат истата патологија. Овие избори обично се базираат на длабоко вкоренети несвесни механизми, а не на рационално размислување.
Хемија или избор?
Многу луѓе веруваат дека „хемијата“ е пресуден фактор при изборот на партнер. Меѓутоа, оваа „хемија“ често ги отсликува нашите несвесни потреби или нерешени емоционални прашања. Некои луѓе избираат партнери кои личат на нивните родители, додека други се привлекуваат кон оние кои ги надополнуваат нивните недостатоци.
На пример:
- Несигурни личности избираат самоуверени партнери.
- Зборливите бараат молчаливи.
- Крутите избираат спонтани, бидејќи се чувствуваат „ослободени“ во нивно присуство.
Жените кои веруваат дека постојано среќаваат „погрешни мажи“ обично се соочуваат со несвесни стравови или нерешени емоционални прашања. На пример, оние што се плашат од обврски често привлекуваат незрели или недостапни партнери.
Партнерството: Што значи?
Партнерството е заедница на две личности кои решаваат да ги спојат своите енергии, таленти и средства за да создадат нова реалност. Во здраво партнерство, двајцата партнери не ја губат својата индивидуалност, туку ја надополнуваат и заедно растат.
Идеално, партнерството се базира на следниве принципи:
- Пријателски однос – Взаемно почитување и уживање во заедничкото време.
- Капацитет за обновување – Способност за заедничко решавање на проблемите.
- Нежност и уважавање – Негување на блискоста и емоционалната врска.
- Взаемно влијание – Флексибилност и отвореност за учење еден од друг.
- Внимание на секојдневните детали – Одговорност кон малите, но значајни моменти.
- Решавање на проблемите – Разликување на оние кои можат да се решат веднаш и оние кои бараат време и трпеливост.
- Градење на заеднички вредности – Споделување на заеднички цели и визии за иднината.
Создавањето на љубовта е процес. Преминот од „јас“ во „ние“ бара посветеност, трпеливост и постојано вложување.
Работилница: „Љубов без граници“
Доколку сакате да го осознаете својот внатрешен свет и да ги разберете обрасците кои влијаат на вашите љубовни избори, ве покануваме на искуствената работилница „Љубов без граници: Како да изберете партнер со срце и разум“. која ќе се базира на двата познати психотераписки правци Склуптурирање на Вирџинија Сатир и Семејни Кoнстелации на Берт Хелингер
📅 Датум: 22 февруари 2024 година
⏰ Време: 10:00 часот
📍 Локација: „Психофокус – Центар за психотерапија и советување“, Скопје
Работилницата ќе ја водат Билјана Пешева и Анета Начевска, искусни професионалки со децениско искуство во работа со луѓе. Преку интерактивни методи и практични вежби, ќе имате можност да истражите како да градите здрави и освестени партнерски односи.
————
✨Билјана Пешева е автор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 30 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Национално квалификуван обучувач за возрасни, сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана ја комбинира својата експертиза во современи и древни техники за намалување на стресот, емоционално исцелување и постигнување животна хармонија.
—————
✨Анета Начевска е Специјалист по Медицинска Психологија, Системски Семеен Терапевт, Национално квалификуван обучувач за возрасни и терапевт во семејни констелации, со работно искуство во психотерапија повеќе од 20 години
🔗 За повеќе информации и регистрација, пишете порака на healthyyogaskopje@gmail.com и не пропуштајте ја оваа уникатна можност за личен раст и осознавање!
🔗 Бројот на учесници е ограничен!