Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Јога викенд во Лазарополе

  • 02 Авг, 2022
  • Com 0

Термин : 03-06 Септември 2020, Хотел Калин на база полупансион (доручек и вечера)

Ве покануваме да ни се придружите на  Септемврискот јога викенд во волшебното Лазарополе на 1.350 метри надморска висина на кристално чист воздух полн со животна енергија.

Наполнете ги душата и телото со чиста енергија, опкружени со преубавата природа на планината Бистра. Уживајте во убавините на бујната вегетација и во глетки кои ќе Ви го одземат здивот. Започнете го и завршете го денот со јога и медитација, детоксифицирајте се од дигиталниот свет и исполнете се со мир и спокој.

Преку јога вежбите, медитациите и техниките за дишење кои ќе се работат на овој продолжен викенд ќе го осознаеме телото, здивот, енергијата која што ја носиме во себе, ќе станеме свесни за блокадите и ќе добиеме можност за (повторно) поврзување со нас самите.

Ќе ги работиме следните активности:

– Вежбање јога
– Медитација и техники на дишење
– Движење
– Контакт со себе
– Здрави јадења
– Мир и тишина
– Планинарење

Со вашето учество на овој јога семинар, ќе ја подигнете вашата животна енергија, ќе го подобрите сопственото здравје, ќе постигнете урамнотежување на сопствената емоционална и ментална состојба, ќе се детоксифицирате од дигиталните уреди и со сето тоа Вие ќе станете повеќе задоволни од себе и сопствениот личен и професионален живот.

Да не заборавиме дека современата медицина тврди дека поголемиот број на болести се од психосоматско потекло, кои најчесто се предизвикани поради влијание на долготраен стрес. Овие болести (несоница, напади на паника, главоболки, болки во желудник, алергии, висок крвен притисок, асма, кардиоваскуларни болести, болести во коските и скелетниост систем, хормонални преметувања и др) се рефлектираат секојдневно врз нашето физичко, емоционално и ментално тело. Нашето здравје е комплексно, и во себе вклучува грижа за повеќе аспекти: подобрување на физичко, емоционално и ментално здравје, внимавање на исхраната, детоксификација од дигиталната технологија, дружење со позитивни луѓе и др.

Затоа целта на овој јога викенд  е да ја развиеме свесноста и грижата за сопственото психо-физичко здравје. Па оттука ако сакате да дознаете како да ја активирате вашата свест и вашето “дете” и дојдете во контакт со себе, пријавете се и дојдете !

СМЕСТУВАЊЕ
Сместувањето е во прекрасниот хотел Калин, кој е архитектонски спој на традиционалното мијачко градителство и современи архитектонски решенија. Хотелот има топла и уникатна атмосфера, а материјалите кои изобилуваат во градбата и ентериерот на хотелот се надоврзуваат на природниот елемент на планината.
Хотелот располага со 16 комфорни и вкусно уредени двокреветни и трокреветни соби, а секоја соба е опремена со бања, телефон, сателитска телевизија.
Сместувањето е на база на полупансион – ноќевање со доручек и вечера.

ЦЕНА
Цената за тридневниот продолжен викенд изнесува:
6.400 денари во двокреветна соба
5.500 денари во трокреветна соба

7.700 денари во еднокреветна соба

За целосна уплата до 09.08.2020 цената е со 10% попуст и изнесува:
5.800 денари во двокреветна соба
4.900 денари во трокреветна соба

7.100 денари во еднокреветна соба

Што е вклучено во цената:

• Три полупансиони (доручек и вечера)
• Водени часови по јога и медитации според програмата
• Прошетки по околните падини на Бистра

Во цената не е вклучено:

• Превоз од Скопје до Лазарополе и назад

– Ручек (со доплата во хотелот)

Резервација и услови за плаќање

Плаќањето може да се врши на две еднакви рати, според одбраното сместување:
Прва рата до 09.08.2020
Втора рата до 01.09.2020

Резервација со уплата на прва рата. Ограничен број на места! Пријавете се навреме.
Плаќањето се врши на жиро сметка на “СУНА Хелти Лајф” жиро 300000000379694 во Комерцијална Банка

Тагови:
#biljanapeseva#lazaropole#macedonia#retreat#yogaretreat
Споделете на:
Јогата како дел од превентивни и терапевтски цели
EFT (Emotional Freedom Technique)

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се