Моментално празен: 0ден
Создади нова слика е искуствена работилница која ја поврзува фотографијата, свесноста и креативната трансформација.
Понекогаш не е прашањето како изгледаме…
туку како се гледаме.
Колку пати сте се погледнала во слика и сте се почувствувала дека тоа не си ти-ти?
Или дека нешто недостасува… нешто што не можеш да го објасниш лесно….
Вистината е дека сликата за себе не е само она што го гледаме во огледало.
Таа е многу подлабока – тоа е начинот на кој се доживуваме себеси, приказната што ја носиме внатре, чувството кое го имаме за тоа кои сме.
И токму затоа… таа може да се промени.
Оваа работилница ја создадов како простор каде ќе имаш можност да застанеш, да се погледнеш и да се почувствуваш на поинаков начин. Простор каде надворешната и внатрешната слика за себе конечно се среќаваат.
Инспирирана од мојата авторска програма „Создади нова слика за себе“, која веќе има допрено и трансформирано многу луѓе, и која ја работев за време короната, оваа работилница ќе ни донесе едно ново, поинтегрирано искуство – каде трансформацијата не е само нешто што го слушаш… туку нешто што го доживуваш.
Ќе започнеме со еден многу едноставен, но моќен момент – фотографија.
Фотографија како се гледаш денес.
Потоа полека преку работата ќе се движиме навнатре.
Преку разговор, свесност и воден процес, ќе почнеме да ја откриваме сликата која ја носиме во себе – уверувањата, чувствата и тивките гласови кои со години ја обликуваат нашата реалност.
Ќе си дозволиме да отпуштиме дел од тоа што не ни припаѓа.
Да направиме простор.
Во тој простор започнува креацијата.
Ќе користиме бои и ќе сликаме линии и слободно изразување, со што секој учесник ќе ја создаде својата нова слика – не онаа која „треба“ да биде, туку онаа која вистински се чувствува. Слика поврзана со самодоверба, со идентитет, со идеалното јас кое веќе постои некаде внатре… кое чека да биде видено.
И тогаш, на крајот, повторно доаѓа фотографирањето.
Но овојпат… можеби нешто друго ќе видите во себе.
Можеби не е драстично на прв поглед.
Но ќе го почуствувате.
И токму тоа е суштината на оваа работилница – да се види дека промената не мора да трае месеци или години. Дека понекогаш, кога сме навистина присутни со себе, нешто може да се помести многу побрзо отколку што мислиме.
Ова не е само работилница за сликање.
Ниту само медитација.
Ниту само личен развој.
Ова е искуство каде телото, мислата, емоцијата и сликата за себе се поврзуваат во едно.
И каде си дозволуваш да се видиш… поинаку.
Работилницата ќе се одржи во новиот урбан простор во нашиот град
📍 Работека – Скопје
📅 6 мај
🕖 19:30 – 22:00
💰 Цена: 1500 мкд
Спремни сте ? Пријавете се на вибер 070234740 во порака!
Ако чувствуваш дека е време за нешто ново…
ова можеби е твојот момент 💛
💛 Што ќе добиеш за себе?
Ова не е само искуство кое ќе го поминеш…
туку нешто што ќе го понесеш со себе.
Во текот на овие неколку часа ќе застанеш, ќе се погледнеш и ќе направиш простор за промена.
✨ Поголема свесност за тоа како се гледаш себеси
✨ Отпуштање на делови кои повеќе не ти служат
✨ Нова, поавтентична слика за себе
✨ Повеќе самодоверба, леснотија и поврзаност со себе
Во процесот ќе поминеме низ:
🧘♀️ медитација и лична работа на себе
🎨 креативно изразување преку цртање
📸 професионално фотографирање
✨ Ќе си заминеш со:
📸 2 професионални фотографии (пред и после)
🎨 2 лични слики кои сам/а ќе ги создадеш
💫 ново чувство за себе
И најважно – со сознание дека промената е можна…
и започнува одвнатре 💛
Спремни сте ? Пријавете се на вибер 070234740
Местата се навистина ограничени!
Водител на работилницата е
Билјана Пешева е тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 30 години искуство во личен развој, јога и работа со свесност.
Таа е национално квалификуван обучувач за возрасни, тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, со холистички пристап кој ги поврзува телото, умот и емоциите.
Основач е на Healthy Life Skills & Healthy Yoga, автор на книгата „Водич за ослободување од тага“ и креатор на повеќе програми за лична трансформација.
Автор и креатор е на програмите: “Свесно здравје”, “Создади нова слика за себе”, ”Движи се со леснотија”, “Научи како да ја зголемиш својата самодоверба”, “Ослободување од потиснати емоции”, “Циклус спиритуални работилници”, “Mентално и емотивно исцелување”, “Научи како да постигнеш своја цел”, и редовно води предизвици за ментално и емотивно созревање и трансформација на социјалните мрежи.
————————–
За оваа програма кој се релизираше во два циклуса во 2022 може да прочитате подоле на линковите.
А сликите можете да ги разгледате во албумите на Facebook
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.3034333080120007&type=3
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.3236243446595635&type=3
Вистинската промена е таа што се случува внатре во секој еден од нас !




