Моментално празен: 0ден
Блог
Вистинската промена е таа што се случува внатре во секој еден од нас !

Месец Април беше вистинско време за креирање НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ, па така со група од дваесетина ентузијасти работев на програмата СОЗДАДИ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ. За време на ова 4 неделно интензивно патување учесниците усвоија нови знаења и вештини за тоа како да креираат позитивна внатрешна слика за себе. Со теорија и практични вежби допревме до старите и негативни програми и научија како да се ослободат од нив.
“СОЗДАДИ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ е добро осмислена програма која чекор по чекор ме натера да ги пронајдам и да ги отварам зарѓаните врати на минатото, убаво задскриени во подсвеста. Насочување кон пронаоѓање на решенија без ниедна сугестија. Тоа само личности како Билјана Пешева можат да го овозможат тоа искуство, со својот ненаметлив но решителен пристап.” Гордана Трајаноска
Но, освен што интензивно работевме овие 4 недели на ментално, емотивно и телесно поле , креиравме и нова надворешна слика за себе како круна на нашата работа. Па така заедно со професионалците од Frozen Time Drops Photography направивме серија на нови позитивни слики на дел од учеснците, односно од оние кои можеа и условите им дозволија да дојдат на оваа стредба.
“Ако сакаш да се запознаеш себе и си своите квалитети искрено ја препорачувам програма СОЗДАДИ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ. Иако за мене ова е прво вакво искуство, оваа програмата ја доживеав како едно патување низ животот исполнето со безброј откритија за себе и својата личност. Особено ми е драго што имав можност да ја запознаам Билјана Пешева и ме воодушевува нејзината посветеност кон секој еден член од групата.Со нејзината позитивна енергија на сите им влева самодоверба и љубов кон самите себе” Маја Димитиреска
Сликањето беше организирано според протокол за зашита од КОВИД 19 и истовремено беше прекрасно искуство за секој еден од нас. П Во продолжение сликите од Back stage фотографирањето.
“Генијална си Биби. Постојано си иновативна. Секоја програма е специфична и различна. Толку многу се внесуваш себе во сето ова што го работиш, што неможе човек да остане рамнодушен. Ги иницираш и ги придвижуваш кај мене сите сетила. Ме научи, ме потсети на сите битни работи кои ги бев заборавила. А тоа е вербата во самиот себе и најважно да се менувам јас, а не луѓето околу мене. Мојата промена е толку очигледна во очите на сите мои блиски и драги луѓе, пријатели, колеги. Искрено ти благодарам што постоиш. Продолжи да го работиш ова со целото твое срце бидејќи ти си извонредна. Уште не ми е јасно, кој те прати кај мене, како те пронајдов, но му благодарам на универзумот и тебе од срце! ” Гордана Темелковска Костовска
“Програма СОЗДАДИ НОВА СЛИКА ЗА СЕБЕ треба да ја посети буквално секој од едноставна причина што на толку едноставен начин успеа да предизвика будење на секој учесник во неа, како и да предизвика желба за понатамошна работа на себе. Јас лично конечно малку застанав и успорив и погледнав во себе наместо во светот околу себе. Сфатив колку е потребно пред се да одвојам време за себе за во крајна инстанца да можам искрено да се посветам на сите аспекти од животот. Успеав да соберам храброст да бидам отворена за личните и приватните проблеми и да сфатам дека споделувањето некогаш лекува. Билјана Пешева е таква една магија… 😊 Секогаш смирена, позитивна – секој час од оние работилници кои јас ги посетував почнуваше толку едноставно, пријатно, ненаметливо, удобно како помеѓу фамилија, а завршуваше со толку длабоки увиди во сржта на секој од нас учесниците што скоро секој час останував вчудоневидена. Биби, продолжи со се што правиш, на светот му требаат многу повеќе луѓе како тебе ❤” Милица Трпчевска
Билјана Пешева