Моментално празен: 0ден
Блог
🌿 Wellness Afterwork – нова култура на грижа и поврзување во Скопје
Во пресрет на Светскиот ден на менталното здравје, сосема спонтано и со многу инспирација, заедно со Бојана – Мој Психолог ја започнавме иницијативата Wellness Afterwork – нов урбан концепт посветен на благосостојбата, менталното здравје и свесната грижа за себе.
Идејата се роди од едно едноставно прашање:
👉 Колку често после работа си велиме „ми треба нешто различно од “класичниот” афтерворк – а нема каде да одиме?”
Во Скопје недостигаат настани со содржина по работното време, каде луѓето можат да се опуштат, да се поврзат и да разговараат за теми кои се навистина важни.
Затоа одлучивме да создадеме Afterwork простор за душата – место каде што разговорот, кафето и присуството стануваат терапија.
🌆 Првиот настан – „Стресот и како да го разбереме“
Првиот Wellness Afterwork се одржа на 8 октомври во Аудиокултура– место со урбана енергија, креативен дух и топла атмосфера.
Со Бојана, мојата драга колешка и пријателка, ја отворивме темата која сите ја чувствуваме секојдневно – стресот.
Со кафенце, чај во рака зборувавме искрено – како го доживуваме стресот, како се манифестира во телото и што можеме да направиме кога чувствуваме преголем притисок.
Споделивме едноставни техники за смирување, вежби за дишење, и мајндфулнес практики кои можат да се применат секој ден – и на работа, и дома.
Настанот не беше класично предавање.
Беше вистинско вмрежување, поддршка и заедништво – простор каде сите се слушнавме, се препознавме и сфативме дека не сме сами во своите предизвици.
💫 Благодарност и нов почеток
Голема благодарност до нашите пријатели од Vitamini.mk за поддршката, позитивната енергија и вниманието кон сите присутни.
Тие подготвија специјален подарок за секој учесник –
🎁 доживотен попуст од 10% за онлајн купување преку нивната веб-страница
и дополнителни изненадувања и подароци кои ја направија вечерта уште поубава.
Среќна сум што сум дел од оваа нова Afterwork култура на благосостојба во Скопје –
култура во која луѓето ќе се собираат не само за работа, туку и за поврзување, раст и грижа за себе.
💚 Затоа, запомнете: грижата за себе не е луксуз – таа е најубавата обврска кон сопствениот мир.
Љубов и светлина
автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
#WellnessAfterwork #МенталноЗдравје #Благосостојба #Mindfulness #AudioKultura #HealthyLife #БилјанаПешева #Бојана #МојПсихолог #VitaminiMK #СунаХелтиЛајф #HealthyYoga #HealthyLifeSkills








