Моментално празен: 0ден
Блог
Во клубот Патот на Душата ќе стасате до својата автентичност, спонтаност, свесност и интимност

Во современиот свет, полн со надворешни влијанија и напнатости, многумина од нас се чувствуваат изгубени и одвоени од својата суштина. Внатрешниот конфликт помеѓу она што навистина сме и она што се очекува од нас, создава длабок дисбаланс, кој не само што влијае на нашето ментално здравје, туку и на целокупниот work- life баланс и животот воопшто.
Но, сега постои начин како да се вратите на својот пат, патот по кој вашата душа копнее.
Со големо задоволство сакам да ви објавам дека јас, Билјана Пешева и Анета Начевска, го основавме Клубот Патот на Душата, кој е уникатно патување кон самоспознание и личен раст и развој. Клубот е наменет за лица кои сакаат да работат на себе и својата автентична природа преку развивање на свесност, спонтаност, интимност и одговорност, користејќи модерни и древни терапевтски методи. Патот на Душата е клуб каде ќе учите како да ги трансформирате своите предизвици за да дојдете до вистинскиот копнеж на вашата душа. Во рамките на клубот ќе работиме работилници и едукации поврзани со враќање на автономноста на личноста во свои раце за што подготвивме серија на интересни полни со содржина и вежби.
Затоа, првата работилница во рамките на клубот Патот на Душата е на тема Aвтентичност, бидејќи автентичноста е директно поврзана со копнежот на нашата душа. Оваа уникатна работилница ќе ве донесе до вашата автентичност и тоа преку методот “Скулптурирање” на Вирџинија Сатир. Оваа техника користи интеграција на системски пристап и психотерапевтскa методa, и има за цел да ви помогне да ја отклучите својата автентичност и да најдете внатрешна рамнотежа.
Методот на скулптурирање – Како функционира?
Методот на скулптурирање претставува визуелна и телесна техника што овозможува симболичко претставување на внатрешните состојби, емоции и односи. Наместо само вербална анализа, овој пристап ќе ви овозможи:
- Физичко организирање на психолошките состојби во просторот
- Препознавање на несвесните динамики што влијаат на нашето однесување
- Изнаоѓање нови перспективи и стратегии за личен раст
- Интегрирање на внатрешните делови за постигнување на емоционална и ментална рамнотежа и баланс со вашата душа
Со оваа техника, учесниците можат буквално да ја „видат“ својата психолошка реалност, што е клучен чекор кон длабока трансформација и поврзаност со себе и својата автентичност.
Патот на душата – патот на автентичноста
Време е да зачекорите на ова трансформациско патување. Откријте ја својата автентичност, ослободете се од ограничувачките обрасци и најдете ја внатрешната рамнотежа што ве води кон посреќен и исполнет живот.
🌟 Не дозволувајте минатото да ја диктира вашата иднина. Научете како да ја обликувате вашата сегашност со јасност, свесност и автентичност. 🌟
🔗 Пријавете се денес и направете чекор кон вашиот личен раст!
Зошто оваа работилница е посебна?
✅ Ќе имате можност да го доживеете сопствениот внатрешен свет на поинаков начин
✅ Ќе работите со искусно водство, кое ќе ви помогне да ги интегрирате внатрешните делови и да најдете нова рамнотежа во животот
✅ Ќе направите чекор кон длабока трансформација и целосна поврзаност со себе
✅ Ќе ги осознаете своите ограничувачки верувања и ќе најдете нови начини за личен развој
За работилницата
📅 Датум: 9 Април 2025
📍 Локација: „Психофокус – Советувалиште за психотерапија и советување“, Скопје
🕙 Време: 17:00 – 21.00 часот
💎 Методи: Системско скулптурирање
🔗 Пријава: Регистрирај се овде
Водители на работилницата
✨ Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 25 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана комбинира современи и древни техники за намалување на стресот и постигнување на животна хармонија.
✨ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт, национално квалификуван обучувач за возрасни и терапевт во семејни констелации, со повеќе од 15 години искуство во областа на психотерапијата.