Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Тагата – Учителка на Животот

  • 02 Дек, 2024
  • Com 0

Пред повеќе од 200 гости, во пријатна и инспиративна атмосфера, на 27 Ноември 2024 во Јавна Соба, се одржа промоцијата на книгата „Водич за ослободување од тага – Холистички алатки за враќање на животна хармонија“ од авторот Билјана Пешева. Настанот, беше исполнет со богата програма, многу емоции и топли насмевки.

Богата програма со врвни изведувачи и гости

Промоцијата започна со магичниот настап на женскиот хор „Фрида Македонија“, под водство на Сузана Турунџиева, кои со изборот на песната допреа до срцата на присутните. Програмата продолжи со интерактивна дискусија на која, покрај авторката Билјана Пешева, говореа истакнати гости Ана Василевска, која го напиша предговорот за книгата, Бојана Стоименовиќ Петровска, истакнат психолог, семеен и системски советник и Славчо Дрндаровски, хомеопат и доктор по природна медицина. Секој од нив сподели уникатни размислувања за значењето на емоциите, справувањето со тагата и улогата на книгата во процесот на исцелување.

Впечаток остави настапот на младата композиторка Илинка Скаловска, која со својата музика внесе дополнителна длабочина и инспирација на вечерта.

По завршување на програмата, гостите имаа можност да добијат персонализирани пораки и потписи од авторката Билјана Пешева, што создаде интимна и посебна реалација меѓу читателите и делото.

На промоцијата, авторката Билјана Пешева  сподели своето инспиративно размислување за тагата и процесот на пишување:

„Тагата не е само емоција, таа е процес кој бара нашето внимание и грижа. Преку оваа книга сакав да покажам дека тагата може да биде и наш сојузник, водич кој ќе нè поттикне да најдеме внатрешна сила и да изградиме нова перспектива за животот.“

Таа додаде дека книгата е наменета за сите кои се соочуваат со потиснати емоции, траума или загуба, но и за оние кои сакаат да научат како да го разберат и подобрат своето ментално и емоционално здравје.

За книгата и нејзината содржина

„Водич за ослободување од тага“ е дело кое нуди холистички пристап за справување со тагата, комбинирајќи техники од духовни практики и современа психологија. Во книгата ќе најдете:

  • Практични вежби за свесно дишење и медитација.
  • Задачи за рефлексија и ослободување од потиснати чувства.
  • Совети за воспоставување здрави релации и социјална поддршка.
  • Техники за надминување на негативните емоции и враќање на животната хармонија.

Книгата е наменета за сите кои бараат начин да се справат со емоционалната болка и да пронајдат внатрешен мир.

Каде може да се најде книгата?

Книгата е достапна за купување во книжарницата Или-Или и преку оваа веб страна на следниот ЛИНК 

Посебна благодарност

Билјана Пешева упати посебна благодарност до Тримекс ДООЕЛ и Витамини МК, кои го поддржаа овој значаен настан, придонесувајќи за неговата реализација.

Промоцијата на книгата „Водич за ослободување од тага“ ја потврди нејзината важност како водич за сите кои сакаат да се соочат со емоционалните предизвици на животот и да пронајдат пат

 

Споделете на:
СУНА Хелти Лајф
Семејни Констелации – Поврзаност со Себе, Системот и Работната Средина

Последни постови

Thumb
🌿 Нов курс: „Ментално и емотивно балансирање“
27 Окт, 2025
Thumb
🌿 Wellness Afterwork – нова култура на
22 Окт, 2025
Thumb
🌿 Јога и Велнес одмор во Никити
14 Окт, 2025

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (177)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (62)
  • Курсеви (9)
  • Личен развој (85)
  • Настани (50)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се