Моментално празен: 0ден
Блог
Шестнеделен курс по методот на Филис Кристал и техники од книгата “Водич за ослободување од тага”

Во текот на февруари и март 2025 година, независно од приватните случувања, кои некогаш и не можеме да ги планираме , нели 🤣со голема фокусираност и посветеност го водев шестнеделниот курс заснован на техниките на психологот Филис Кристал и вежби и медитации од мојата книга “Водич за ослободување од тага”. Курсот го посетија 40 учесници од Македонија и од целиот свет, кои навистина длабоко и искрено се отворија и работеа на себе.
Оваа метода нуди уникатен пристап за ослободување од изворите на лажната сигурност и градење на автентична внатрешна стабилност. Таа помага на секој кој бара поддршка да стане целосно и свесно битие кое се потпира на својот внатрешен извор на сигурност и мудрост, кој Филис Кристал го нарекува High Consciousness (Hi C). Преку ритуали, техники и симболи, учесниците научија како да се ослободат од старите врски, модели на однесување и ограничувачки верувања стекнати од детството.
Медитациите се навистина моќни! Јас веќе не сум истата личност како кога започнав. Ова е тоа што му е потребно на секого за длабока и суштинска лична трансформација.
Светлана Живчевска
Научната основа на методата
Методата на Филис Кристал е заснована на психолошките теории на Карл Густав Јунг и Милтон Ериксон, како и на духовните искуства на Филис Кристал во Индија кај нашиот заеднички духовен учител и аватарот на денешнината Сатја Саи Баба. Јунг, кој го дефинирал колективното несвесно, архетиповите и симболите, го поставил темелот за оваа техника. Неговата теорија го опишува несвесното како огромен резервоар на искуства, симболи и наследени обрасци кои влијаат на нашиот живот.
Од друга страна, Милтон Ериксон со своите откритија за хипнозата и работата со несвесното покажал дека несвесниот ум е секогаш активен, прима информации и има неверојатен креативен потенцијал. Оваа метода токму затоа користи симболи и визуелизација како ефективен начин за комуникација со потсвеста, со цел да се постигне длабока трансформација.
Bibi, you are already advanced for me. I’m still learning and you are light years ahead of me. Cannot think of anything else. Thank you Thank you Thank you! Olivera Kostovska
Разбирање на архетиповите
Јунг објаснува дека нашата психа е поделена на свесен и несвесен дел, а во рамките на несвесното постојат архетипови – универзални обрасци на однесување и искуства наследени од претходните генерации. Овие архетипови, како што се мајката, сенката, божественото дете и стариот мудрец, имаат силно влијание врз нашето однесување, но можат да бидат и пречка доколку не сме свесни за нивното влијание.
Преку курсот, учесниците работеа на откривање и трансформирање на ограничувачките архетипови, ослободувајќи се од старите верувања и отворајќи простор за себе и својот личен развој.
Им кажувам на моите пријатели дека на овој курс ќе ги најдат одговорите во себе на теми што ги мачат цел живот за кои мислат дека се судбина, а не пренесена програма. После макар и една помината програма ќе чекорат полесно и полетно во животот. Кристина Бота
Силата на симболите и ритуалите
Методата на Филис Кристал се заснова на употреба на симболи и ритуали како алатки за работа со потсвеста. Симболите се најприродниот начин на комуникација со несвесниот ум, бидејќи тој не разбира сложени концепти, туку одговара на едноставни слики и знаци.
Во текот на курсот, учесниците работеа со различни симболи кои им помогнаа да се ослободат од старите навики, луѓето со кои се врзани, токсични врски и ограничувачки уверувања.
Овaa техникa вклучува визуелизација, медитација и ритуали со длабоко значење и носат трансформација.
Овој шестнеделен курс беше навистина инспиративно и длабоко искуство за сите учесници. Тие имаа можност да научат како да се ослободат од старите врски, да развијат поголема свесност и да изградат стабилна внатрешна сигурност. Благодарение на комбинацијата од психологија, духовност и практични техники, учесниците постигнаа значајни трансформации во своите животи и тоа за мене е добитна комбинација.
Има многу луѓе кои би требало да ја искуста оваа техника, меѓутоа немаат храброст и недоверливи се. Да успеат да се запишат макар на еден час, да пробаат секако позитивности само ќе имаат. Јас подолго време ја пратам работа на Билјана Пешева, и кога ја сретнав прв пат при промоцијата на книгата ми остави впечаток на многу позитивна личност со многу знаење кое сака да го пренесе со љубов и безрезервно.Многу ми се допадна, мислам со неа да седам би разговарала со денови толку има многу да се слушне.❤ Весна Таневска
Оваа метода останува достапна за секој кој е подготвен да направи чекор кон автентичност и слобода. Ако сакате да дознаете повеќе за идните курсеви, следете ги нашите објави или контактирајте ме за повеќе информации!
Со љубов и светлина,
Билјана Пешева
тренер, јога инструктор, велнес коуч и автор.
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Шест неделниот курс “Ментално и емотивно исцелување” е нејзин авторски креиран курс кој се базира на техниките на Филис Кристал и вежби и задачи од нејзината книга “Водич за ослободување од тага”. Таа ова техника ја практикува повеќе до 25 години а ја води од 2018 година.
Билјана е многу посветена во она што го работи и креира и предава во целосен флоу. Ми се допадна и самиот предизвик од кој бев дел, многу убаво ги објаснуваше сите работи, книгата исто така е премногу опфатна со техники и методи и затоа се запишав на курсот. Марија Колевски
Гледајќи од мој аспект, сметам дека е многу важно сите да ја поминеме оваа програма за да ги пресечеме сите врски од минатото што повеќе не ни служатдобро и не кочат во животот. Габриела Спасевска
Филис Кристал (Maj 11, 1914 – Декември 10, 2016)
Книга “Водич за ослободување од тага ” – Холистички алатки за враќање на животна хармонија од авторот Билјана Пешева