Моментално празен: 0ден
Блог
Wellness Afterwork – Моќта на границите и зборот „НЕ“
Милан Кундера во своето ремек-дело „Неподносливата леснотија на постоењето“ отвора едно суштинско прашање:
Дали е подобро да живееме во тежина – превземајќи одговорност, длабоко значење или смисла за работите и преземање на последиците…
или со леснотија – површно, без вистински контакт, без длабочина?
Тој во книгата зборува дека „тежината“ е нешто што нè врзува или заземјува за животот – нешто што му дава значење.
Но истовремено… таа тежина знае да стане и неподнослива.
И токму тука некаде започна нашата идеја и работа за градење на новиот концепт во градот.
✨ Wellness Afterwork не е обичен afterwork.
Во градот (Скопје) каде што најчесто afterwork концептот се сведува на јадење, пиење, гласна музика и „исклучување“ — почувствувавме дека ни недостасува нешто многу подлабоко.
Недостасува простор каде што луѓето ќе можат да здивнат.
Да разговараат.
Да научат нешто за себе.
Да се поврзат.
Да слушнат квалитетна содржина.
Да си заминат полесни, посвесни и поврзани — не само “исклучени”.
Токму затоа го создадовме Wellness Afterwork — нов урбан концепт во градот кој ја спојува психологијата, добробитта (wellbeing), свесноста, личниот развој и поврзаноста и контактот како основна нишка која ги спојува сите луѓе.
Тоа е настан каде што свесно истражуваме како да создадеме повеќе внатрешна стабилност, подобри односи и повеќе смисла во секојдневието.
Затоа што животот нема секогаш да биде лесен.
Но кога имаме алатки, свесност, поддршка и заедница — нашите “тежини” стануваат многу поподносливи за живеење.
Tака да нашиот Wellness Afterwork не е обичен afterwork.
Тоа е настан каде што свесно истражуваме:
👉 За „тежините“ кои ги носиме во животот
👉 За двете крајности со кои сите живееме
– преоптовареностa (нашите очекувања, улоги, .. )
– и исклученоста од себе и од своите автентични потреби (немање блискост, контакт, смисла во животот…)
Преку нашите Wellness афтерворк настани ние работиме токму на балансот помеѓу тие две крајности преку темите кои ги избираме.
Темите што ги отвораме – граници, љубов, автентичност, комуникација, токсични релации – не се случајни.
Тие се начин да внесеме:
✨ свесна тежина (смисла)
✨ и здрава леснотија (слобода) во нашиот живот,
Затоа што вистинското прашање не е: дали животот е тежок или лесен…
Туку: како ние го живееме?
Сè почнува од себе. Од малите избори.
Од новите „состојки“ кои ги внесуваме во секојдневието:
свесност, присутност, искреност,
храброст да кажеме „НЕ“,
способност да почувствуваме.
Така ќе го направиме својот живот исполнет со значење и вистинска среќа.
Повелете на нашиот нареден Wellness евент а во меѓувреме погледнете ги сликите од третиот Wellness Afterwork кој се одржа на 24 април 2026 во Литература во Ист Гејт Мол во Скопје 💫
И се разбира сè е подржано од нашите пријатели Витамини МК 💛









