Моментално празен: 0ден
Активен одмор
🌿 Јога и Велнес одмор во Никити – вистински одмор за душата
Со голема радост можам да споделам дека успешно го завршивме седумдневниот јога и велнес активен одмор во Никити (20–27 септември 2025) – прекрасно искуство кое и оваа година ги надмина сите очекувања. Ова беше веќе 22-ри јога активен одмор што го организирам, и секојпат чувствувам дека растам јас преку сите вас, и вие преку мене и мојата идеја за Healthy Yoga.
Она што ме радува многу е што многу луѓе се враќаат повторно на моиве Healthy Yoga ретрити, што ми кажува дека концептот и содржината е многу добра. Среќна сум за сите нив бидејќи со текот на времето станавме како фамилија која еднаш годишно се среќава на заеднички одмор. Во исто време новите учесници имаа можност вистински да се отворат, да создаваат нови пријателства и длабоко да се поврзат со себе и со групата.
✨ Овој активен одмор го создадов со намера да биде вистински одмор – не само физички, туку и емоционален и духовен. Преку внимателно осмислена програма, го спојувам древното и современото: јога, свесно дишење, техники за надминување на стресот, групна динамика и работилници за личен раст.
💫 Благодарна сум што во дел од програмата реализиравме и утрински работилници кои беа новитет и вистинска ризница на знаење и инспирација за сите нас. Па така:
💨 Александар нè поведе кон свесното дишење и ослободување преку здивот.
🥗 Гојко зборуваше за долговечноста и тајните на здравата исхрана.
🤲 Јас, Билјана, споделив техники за давање и примање преку методологијата на Семејните констелации.
🌌 Весна нè поведе на патување низ астрологијата и патот на душата.
🎁 А Сузе, со својата енергија и насмевка, ја заокружи програмата со презентација и прекрасни козметички подароци.
🧘♀️ Покрај тоа, имавме јога часови, медитации, техники за дишење со мене, но и два пилатес часа со младата и енергична Јелена. Навечер имавме rразлични теми за разговор – за радоста, тагата, отпуштањето и прифаќањето. А потоа – игри, танци, пеење и смеење до доцна во ноќта. Зад тие моменти на веселба стоеше нешто длабоко: ослободување, поврзување и будење на животната енергија.
🎇 Како круна на целиот настан беше “свечената вечера”, кога секој можеше креативно да го изрази своето „внатрешно дете“. Имавме пејачи, раскажувачи на вицеви, рапери, поети, глумци, музичари, танчери… толку многу таленти и радост во еден простор! Посебно сакам да му се заблагодарам на Гојко Мирковски, кој со голема љубов и посветеност цел ден изработуваше мали морски ежиња за младите учесници, како и бамбусови стапови што сам ги исече и обработи – за сите кои утрото учествуваа на јога часот со стапови. Тој ни покажа дека несебичното споделување и благодарност –се најголемите човечки вредности. Покрај тоа сите присутни добија сертификат и благодарница за активно учество на Јога и Велнес ретритот во Никити.🌸
Концептот Wellness (Велнес) за мене отсекогаш значел нешто повеќе од фит тело или здрава исхрана. Тоа е целосна интеграција на физичката, менталната и духовната благосостојба.
Затоа и велам дека јога активниот одмор не е само патување – туку процес на лекување, балансирање и повторно поврзување со себе.
🌊 Никити оваа година беше нашето сидро на убавина – кристално чисто море, ситен песок и сонце кое во септември има умерена топлина.
Секој јога одмор ме потсетува зошто го сакам ова што го работам – љубовта, присутноста и контактот душа душа е најдоброто сидро што можеме да го понесеме со нас. И затоа, од срце – им благодарам на сите четириесет прекрасни јогини што беа дел од ова патување.
Љубов и светлина,
Билјана Пешева 🌸
Healthy Life Skills – Healthy Yoga
автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
p.s Сите слики и видеа ги имате на ФБ профилите на Healthy Yoga и Healthy Life Skills









0\
