Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK

Семејни констелации со шамански пристап

Home » Events » Семејни констелации со шамански пристап
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape

🌿 Мај – Почеток на Нов Циклус, Будење на Енергија и Можност за Трансформација 🌿

Ве поканувам да се приклучите на искуствената работилница која се базира на светски познатата терапевтска метода Семејни Констелации со шамански пристап.

📅 10 мај 2025 (сабота)
🕕 10:00 – 15:00 часот
📍 Проефект (или во природа – Соње, ако дозволи времето)

Оваа искуствена работилница ги комбинира техниките за ослободување и длабоко исцелување – Семејни Констелации на Берт Хелингер но со шаманскиот пристап, каде ќе имате можност да добиете дирекно искуство на духовно знаење и длабок контакт со вашите предци и душа.

Пролетта дефинитивно е време на обновување, растење и оживување. Така и ние, како индивиди, секоја пролет имаме можност повторно да се разбудиме од старите обрасци на мислење и чувствување, да ги разбудиме нашите внатрешни ресурси и да започнеме да чекориме по подобар пат за себе. Семејните констелации ќе ви помогнат да ги откриете несвесните шаблони  и нерешените емоции кои сте ги усвоиле или превзеле, додека шаманизмот ќе ви овозможи да се поврзете со себе и својата душа, за да ја откриете мудроста и енергијата која ве поддржува на патот на себе-исцелувањето.

Семејни констелации – Зошто е важно да ги искусите барем еднаш во животот?

Семејните констелации се моќна терапевтска метода која помага да ги откриете и да се ослободите од несвесни обрасци на мислење и чувствување кои се добиени преку родот, предците или семејната историја. Овие (несвесни) обрасци влијаат врз вашиот начин на размислување, однесување и емоционално функционирање, создавајќи непотребни конфликти, блокади и болка во вашиот живот.

Семејните констелации помагаат да ги откриете овие невидливи врски и чувства, да ги разберете причините за проблемите со кој се соочувате и да се ослободите од нив. Овој процес не само што овозможува да се исцелите, туку и да ги трансформирате вашите односи и да создадете нова динамика и автентична релација во вашите животи. Преку ова искуство, вие ослободувате енергија која понатаму  ви овозможува да започнете да чекорите по нов за вас пат – пат на растење и трансформација.

Семејните констелации се процес кој треба да се доживее, за да ја разберете длабочината и моќта кои тие ви го даваат.

✨ Придружете се на оваа искуствена работилница и поврзете се со силите кои го водат вашето внатрешно лекување и трансформација.

Првиот ден во пролетта е ваша шанса да започнете новиот циклус со свежа енергија и отворено срце.

📅 Датум: 10 мај 2025 (сабота)
🕚 Време: 10:00 – 15:00 часот
📍 Локација: Проефект (ако е топло времето ќе ги работиме во природа – во Соње) 

Пријавете се со вибер порака на 070234740

Цена на работилницата:

    3.100 МКД  за поставување своја консталација,

    1.500 МКД за учество во консталациите

💫 Резервирајте го вашето место на време, местата се ограничени!

💫Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за исцелување и трансформација!

За Водителот:

Билјана Пешева е страстен истражувач на внатрешниот свет, ментор и практичар која веќе повеќе од една деценија ја посветува својата работа на менталното, емотивното и духовното здравје на луѓето.

Таа е обучен фасилитатор на Семејни Констелации, инструктор по јога и техники за свесно дишење, и авторка на книгата „Водич за ослободување од тага – холистички алатки за повторно воспоставување хармонија“.

Со интегративен пристап што ги обединува телото, умот и душата, Билјана создава топли, безбедни и поддржувачки простори во кои луѓето можат да се поврзат со себе, да исцелат длабоки рани и да се вратат на патот на лична автентичност и мир.

Во своите работилници и часови, таа комбинира јогиска свесност, шамански техники, медитација, телесна терапија и психо-емоционална поддршка, со цел секој учесник да добие лично и искрено искуство на поврзување и трансформација.

Билјана верува дека вистинското исцелување започнува кога ќе се поврземе со себе – со тишината, со здивот и со љубовта што секој од нас ја носи во срцето.

#СемејниКонстелации #Шаманизам #Пролет #Трансформација #Исцелување #ДуховноЗнаење #БертХелингер #Енергија #НоваПочеток #БилјанаПешева

Информации за настанот

  • Цена:3,100.00 ден
  • Вкупно слот:15
  • Резервиран слот:0
Резервирај сега

Овој настан истече

shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се