Моментално празен: 0ден
🌿 Мај – Почеток на Нов Циклус, Будење на Енергија и Можност за Трансформација 🌿
Ве поканувам да се приклучите на искуствената работилница која се базира на светски познатата терапевтска метода Семејни Констелации со шамански пристап.
📅 10 мај 2025 (сабота)
🕕 10:00 – 15:00 часот
📍 Проефект (или во природа – Соње, ако дозволи времето)
Оваа искуствена работилница ги комбинира техниките за ослободување и длабоко исцелување – Семејни Констелации на Берт Хелингер но со шаманскиот пристап, каде ќе имате можност да добиете дирекно искуство на духовно знаење и длабок контакт со вашите предци и душа.
Пролетта дефинитивно е време на обновување, растење и оживување. Така и ние, како индивиди, секоја пролет имаме можност повторно да се разбудиме од старите обрасци на мислење и чувствување, да ги разбудиме нашите внатрешни ресурси и да започнеме да чекориме по подобар пат за себе. Семејните констелации ќе ви помогнат да ги откриете несвесните шаблони и нерешените емоции кои сте ги усвоиле или превзеле, додека шаманизмот ќе ви овозможи да се поврзете со себе и својата душа, за да ја откриете мудроста и енергијата која ве поддржува на патот на себе-исцелувањето.
Семејни констелации – Зошто е важно да ги искусите барем еднаш во животот?
Семејните констелации се моќна терапевтска метода која помага да ги откриете и да се ослободите од несвесни обрасци на мислење и чувствување кои се добиени преку родот, предците или семејната историја. Овие (несвесни) обрасци влијаат врз вашиот начин на размислување, однесување и емоционално функционирање, создавајќи непотребни конфликти, блокади и болка во вашиот живот.
Семејните констелации помагаат да ги откриете овие невидливи врски и чувства, да ги разберете причините за проблемите со кој се соочувате и да се ослободите од нив. Овој процес не само што овозможува да се исцелите, туку и да ги трансформирате вашите односи и да создадете нова динамика и автентична релација во вашите животи. Преку ова искуство, вие ослободувате енергија која понатаму ви овозможува да започнете да чекорите по нов за вас пат – пат на растење и трансформација.
Семејните констелации се процес кој треба да се доживее, за да ја разберете длабочината и моќта кои тие ви го даваат.
✨ Придружете се на оваа искуствена работилница и поврзете се со силите кои го водат вашето внатрешно лекување и трансформација.
Првиот ден во пролетта е ваша шанса да започнете новиот циклус со свежа енергија и отворено срце.
📅 Датум: 10 мај 2025 (сабота)
🕚 Време: 10:00 – 15:00 часот
📍 Локација: Проефект (ако е топло времето ќе ги работиме во природа – во Соње)
Пријавете се со вибер порака на 070234740
Цена на работилницата:
3.100 МКД за поставување своја консталација,
1.500 МКД за учество во консталациите
💫 Резервирајте го вашето место на време, местата се ограничени!
💫Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за исцелување и трансформација!
За Водителот:
Билјана Пешева е страстен истражувач на внатрешниот свет, ментор и практичар која веќе повеќе од една деценија ја посветува својата работа на менталното, емотивното и духовното здравје на луѓето.
Таа е обучен фасилитатор на Семејни Констелации, инструктор по јога и техники за свесно дишење, и авторка на книгата „Водич за ослободување од тага – холистички алатки за повторно воспоставување хармонија“.
Со интегративен пристап што ги обединува телото, умот и душата, Билјана создава топли, безбедни и поддржувачки простори во кои луѓето можат да се поврзат со себе, да исцелат длабоки рани и да се вратат на патот на лична автентичност и мир.
Во своите работилници и часови, таа комбинира јогиска свесност, шамански техники, медитација, телесна терапија и психо-емоционална поддршка, со цел секој учесник да добие лично и искрено искуство на поврзување и трансформација.
Билјана верува дека вистинското исцелување започнува кога ќе се поврземе со себе – со тишината, со здивот и со љубовта што секој од нас ја носи во срцето.
#СемејниКонстелации #Шаманизам #Пролет #Трансформација #Исцелување #ДуховноЗнаење #БертХелингер #Енергија #НоваПочеток #БилјанаПешева