Моментално празен: 0ден
Нашите љубовни врски често ги носат невидливите нишки кои не влечат назад – кон релациите со мајката и таткото. Тие рани искуства, дури и кога не сме свесни, влијаат на тоа кого избираме, што очекуваме и како се однесуваме во љубовта.
На оваа интерактивна работилница ќе користиме методологија на Берт Хелингер – семејни констелации и ќе работиме преку многу практични вежби во кои секој учесник ќе има можност активно да работи. Ако од некоја вежба излезе потреба, ќе се направат и индивидуални или групни констелации за подлабока работа и увид.
🔹 ќе истражиме како поврзаноста со родителите ја оформува нашата способност за љубов
🔹 ќе препознаеме несвесни модели кои се повторуваат во партнерствата
🔹 ќе направиме вежби за емоционална слобода и освестување на своите ресоурси и способности
🔹 ќе создадеме простор за безбедно споделување и поддршка
💬 Берт Хелингер за љубовта и енергијата вели:
„Љубовта тече кога застанувате на своето вистинско место.“
„Енергијата на љубовта се појавува кога го почитуваме редоследот на животот.“
💠 Овој настан се реализира во рамките на Клубот „Патот на Душата“ – каде се работат длабоко исцелителни и психотерапевтски методи, и секој учесник добива уникатен увид и нова перспектива за темите кои ги работи.
🎯 Цел на нашиот клуб е: враќање на автономноста и автентичноста – и кај жените, и кај мажите. Без разлика на темата, секогаш работиме на развивање на клучните психолошки капацитети:
✨ Свесност – да го гледаме сегашниот момент без филтри од минатото
🌱 Спонтаност – автентично изразување на чувствата и мислите
💞 Интимност – искрено поврзување, без „игри“ и манипулации
🧭 Одговорност – преземање целосна одговорност за сопствениот живот
Овие капацитети се темел на Трансакциската анализа- Правец во психологијата што ја проучува комуникацијата меѓу луѓето
📅 Датум: 13 септември
⏰ Време: 13:00 часот
📍 Локација: куќата со Лавовите во долно Соње
💰 Цена: 3000 мкд
Што добивате:
🔹 Активно учество
🔹 Многу практични вежби кои ќе ви помогнат при избор на па партнер
🔹 Можност за констелации при потреба,
🔹 Отварање на нови можности за себе во љубовта
🔹 Простор за изразување, ослободување и трансформација
Клубот го водат:
👩🦰 Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и терапевт во семејни констелации, со над 25 години искуство во личен развој, ментално здравје и холистички практики.
👩⚕️ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и долгогодишен практичар во индивидуална и групна психотерапија.
РЕЗЕРВИРАЈ ГО СВОЕТО МЕСТО НА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН – ИСПРАТИ ВИБЕР ПОРАКА 070234740





