Моментално празен: 0ден
Започни ја 2025 година со смирен ум и нови намери – Бесплатна работилница за зголемување на свесноста за менталното здравје преку мајнфулнес техники
11.12.2024 (среда)
19:00
Проефект Обуки
19:00
Проефект Обуки
На оваа работилница ќе научите како да го намалите стресот, да ја најдете внатрешната рамнотежа и да ги подобрите вашите способности за работа со луѓе, преку мајнфулнес, јога и холистички пристапи.
Работилницата е наменета за сите кои работат со луѓе – наставници, тренери, советници, терапевти, и сите кои се посветени на поддршка и грижа за другите. Целта е да ви помогнеме и го подржиме вашиот личен раст и развој, како и да научите како може да го смирите умот и да се ослободите од стресот.
Работилницата ќе ви понуди практични алатки за да станете повеќе присутни, свесни и ментално здрави, што ќе влијае позитивно на вашата работа и личен живот.
Дополнително, ќе имате можност да споделите и ваши инспиративни приказни и да се инспирирате за Новата Година!
Почетокот на Новата 2025 година е идеално време за создавање на нови цели и стратегии за подобро управување со предизвиците. Приклучете се на оваа работилница и започнете го патот кон посмирен, исполнет и успешен живот, како нов човек.
Придружете ни се и започнете го патот на личен развој и ментално здравје!
Овој настан е подржан од Mind and Life Institute
#МенталноЗдравје #Мајнфулнес #Јога #Тренери #ЛиченРаст #НоваГодина2025 #БесплатнаРаботилница #ПроефектОбуки #MindAndLife
Љубов и светлина
Билјана Пешева
Билјана Пешева