Моментално празен: 0ден
🌞 По трет пат – за подлабоко искуство
24 – 31 мај 2026
По двата исклучително успешни јога одмори во Ќерет, со огромна радост ве поканувам на третото издание на Хелти Јога Активен Одмор во Ќерет – место каде што одморот и јогата се спојуваат во вистинско патување кон себе.
Оваа недела за наша среќа 😃 вклучува два неработни денови (24 мај и 28 мај) што ви овозможува да изберете помеѓу:
-
7 ноќевања (целосно искуство) 24 -31 мај 2026 (недела – недела)
-
3 ноќевања (продолжен викенд) 28 -31 мај 2026 (четврток – недела)
Во двата случаи, ќе имате можност да се препуштите на уникатни јога часови на плажа, вечерни работилници за поврзување и лични увиди, како и групни активности и прошетки што инспирираат заедништво и духовна хармонија.
Програмата е збогатена и со туристички посети.
Доколку има доволно заинтересирани ќе одиме на две екскурзии во:
Пишете порака на вибер 070234740 за да резервирате соба
✨ Концепт на одморот
Ова не е класичен одмор, да знаете 😃.
Ова е време за ресет, за телото, умот и срцето.
Во безбедна, поддржувачка група, со внимателно креирана програма, ќе имате простор за:
-
длабока регенерација
-
опуштање
-
личен развој
-
радост, смеа и поврзување
🧘♀️ Што е вклучено во програмата
-
Утрински и вечерни јога практики (на плажа и на отворено)
-
Медитации и техники за дишење
-
EFT – емоционално ослободување
-
Работилници за личен увид и интроспекција
-
Тимски и групни активности
-
Прошетки и заеднички моменти за поврзување
Сè е прилагодено и за почетници и за поискусни практиканти. А за оние кои веќе биле со мене, знаете дека секој пат програмата е различна ![]()
🏨 Сместување и услови
Сместени сме во прекрасниот Хотел Мерар, директно на море, во едно од најубавите и најгостопримливи места на албанскиот брег.
Хотелот нуди:
-
Приватна плажа
-
Бесплатни пешкири, лежалки и чадори
-
Двокреветни и трокреветни соби
-
Исклучително гостопримство и грижа
-
Попуст за учесниците во бифето и ресторанот
Хотел Мерар https://merarhotel.com/ , се наоѓа во приморското рибарско-туристичко село Ќерет (анг. Qerret, Kavaje). Ќерет се наоѓа на идеална локација на Јадранскиот брег, на 3 до 5 км од градот Каваја, на 25 километри од Драч, и на само 50 километри од Тирана. Туристичкиот дел од Ќерет е една од најпосакуваните и најпосетените туристички дестинации во Албанија.
Хотелот Мерар е лоциран директно на море и има приватна плажа со лежалки, чадори и пешкири за плажа кои што се обезбедени за гостите на хотелот, бесплатно. Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби.
Како се стигнува?
До Ќерет се стигнува со автомобил преку Косово, Фуш Круја и Драч од една страна. Се вози по конфорен автопат 350 км и се стига за 4,5 часа. Од друга страна може да се стигне и преку Струга, Елбасан, Рогожине но иако овој пат е покус за 40 километри, тој е понеповолен за возење, посебно на македонската страна ако се оди од Скопје.
🍽️ Исхрана
-
Богата и квалитетна полупансионска исхрана
-
Доручек
-
Вечера
-
-
Балансирани оброци кои го поддржуваат телото за јога и одмор
🗓️ Опции за престој и цена
🔹 7 ноќевања | 24 – 31 мај 2026 | 💶 Цена 480 евра
-
Целосна јога програма
-
Доручек + вечера
-
Пешкири и лежалки за плажа
🔹 3 ноќевања | идеално за продолжен викенд | 28 – 31 мај 2026| 💶 Цена 240 евра
-
Целосна јога програма
-
Доручек + вечера
-
Пешкири и лежалки за плажа
🚐 Превоз
Постои можност за органзирање на групен превоз со комбе (за 7 и за 3 ноќевања).
👉 Потребна е навремена пријава за да се резервира место.
📩 Пополнете ја пријавата на семинарот и превоз ОВДЕ
Viber: 070 234 740 Email: healthyyogaskopje@gmail.com
💛 Зошто да дојдете со нас?
Јога активните одмори со Хелти Јога се многу повеќе од обичен одмор. Тие се патување кон себе, преку кое:
- Излегувате од секојдневната рутина и го оставате стресот зад себе.
- Учите техники за подобрување на менталната и физичката благосостојба.
- Се инспирирате преку древни и современи методи за личен раст.
Нашите програми се внимателно дизајнирани да одговорат на вашите потреби за баланс и хармонија. Преку јога, медитација и интерактивни работилници, ќе стекнете нови вештини кои ќе ви помогнат да го подобрите својот личен и професионален живот.
Велнес концептот кој го применуваме е многу повеќе од физичко здравје, вежбање и исхрана. Тоа е интеграција на физичката, менталната и духовната благосостојба. На нашите активни одмори, оваа филозофија ја претвораме во практика, преку која секој учесник ќе почувствува целосна трансформација.
🌟 Кажаа за претходните ретрити во Ќерет
На прашањето „Што ти се допадна најмногу?“:
„Дружбата, јога вежбите, медитациите – сè беше совршено.“
„Комплетно сè – јогата, работилниците, сместувањето и организацијата. Навистина се надмина себеси.“
На прашањето „Што би напишале за Билјана Пешева?“:
„Максимално посветена, одличен организатор, секогаш насмеана и подготвена да помогне. Глас кој смирува и опушта.“
„Прекрасна, топла личност со огромна грижа и внимание кон секој учесник.“
👩🏫 Кој го води одморот?
Билјана Пешева – автор, тренер, јога инструктор и wellness coach
Со 30+ години искуство во:
-
ментално и емотивно здравје
-
личен развој
-
јога, медитација и холистички практики
Национално квалификуван обучувач за возрасни, сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации.
👉 Сите претходни активни одмори организирани од неа може да ги видите на следниот линк:
https://healthylifeskills.mk/category/active-vacation-1/
📖 Прочитај повеќе за искуствата од Ќерет
🌺 Придружете ни се
Создадете спомени, мир и енергија кои ќе ги носите со себе долго по враќањето.
Ќерет 2026 ве чека.
Љубов и светлина ,
Биби Пешева 💛




