Моментално празен: 0ден
Златна есен: Јога, Мир и Термални Води во Бања
13.100ден
Откријте ја магијата на златната есен во Бања, Бугарија. Три дена исполнети со јога, мир и релаксација во лековити термални води. Повлекување за тело, ум и душа – 23–26 октомври со Healthy Yoga
Есента е време кога природата нè учи на најважната лекција – да оставиме зад себе сè, што веќе не ни служи.
Во оваа сезона на промени, јогата е нашиот најдобар сојузник. Таа ни помага да се заземјиме, да се истегнеме, да дишеме длабоко и да создадеме баланс меѓу умот и срцето. А кога тоа е надополнето со лековитите термални води, добиваме вистински рецепт за обновување и хармонија.
Јогата ќе ја практикуваме на отворено, меѓу златните есенски бои, а ако пак временските услови не дозволуваат, ќе вежбаме во внатрениот простор на хотелот
🏨 За хотелот
Ќе бидеме сместени во Thermal Hotel Seven Seasons – во с. Бања, Бугарија, познат по своите природни термални извори и минерална вода со лековито дејство. Хотелот располага со термален базен, сауна и парна бања, како и со голем двор за релаксација.
Во ресторанот ќе уживаме во вкусна храна на шведска маса, а дополнително можеме да искористиме Roof Top Bar со 10% попуст или велнес услуги како масажи.
Хотелот е опкружен со природа, што го прави совршено место за пешачење, враќање кон себе и целосно уживање во јога, мир и тишина.
🛏️ Цени за престој (23–26 октомври, 3 ноќи)
-
13,100 денари по лице во двокреветна соба
-
15,800 денари по лице во единечна соба
🍴 Во цената е вклучено:
-
Сместување со доручек и вечера (шведска маса)
-
Користење на термален базен со минерална вода
-
Сауна и парна бања
-
Просторен двор за релаксација
-
Wi-Fi интернет
-
Надворешен паркинг
➕ Со доплата можете да користите:
-
Roof Top Bar со 10% попуст на консумација
-
Масажи и други велнес услуги (по хотелска понуда)
🚗 Превоз
Превозот не е вклучен во цената.
Трошокот за една кола до хотелот и назад е отприлика 50 евра. Ако се подели меѓу патниците, превозот со автомобил е поевтин од автобуски билет. Во зависност од бројот на учесници, дополнително ќе одлучиме како ќе се патува.
💸 Уплата и резервации
Бидејќи хотелот бара резервација однапред, ве молам сите кои сте сигурни дека доаѓате да уплатите минимум 6,000 денари најдоцна до 1 октомври 2025 на жиро сметката на: СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ Жиро сметка: 300000000379694 или целиот износ преку оваа страна