Моментално празен: 0ден
Wellness & Јога активен одмор во Никити
26.000ден
7-дневен Wellness & Yoga активен одмор во Никити, Халкидики – јога на плажа, медитации, тимски активности и полупансион. 20–27 септември 2025.







Драги јогини и пријатели на здравиот начин на живот,
Со огромна радост ве поканувам на есенскиот Wellness & Yoga активен одмор во прекрасното Никити на Халкидики!
Овојпат сме сместени во приватната вила Paradise, со голем двор и тревник идеален за јога, веднаш до реномираниот Koviou Holiday Village, каде ќе се уживаме во вкусната храна и прекрасното гостопримство.



Целта ми е преку движење, радост, внатрешна работа и спонтана интеракција да се вратиме во нашата автентична енергија. Јога активниот одмор е идеален за секој еден кој сака да се ослободи од стресот, да го зголеми виталитноста и да работи на себе со леснотија.









420 € (26.000 ден) – 7 ноќевања + полупансион + целосна програма
Сместување во двокреветни и трокреветни соби.



