Моментално празен: 0ден
Вечерна работилница | 29 август 2026 | Долно Соње
За кого е ова?
Постои една врска која те обликувала уште пред да знаеш дека постоиш.
Пред да го знаеш својот јазик. Пред да се сеќаваш. Пред да можеш да бираш.
Тоа е врската со мајката.
Многу од она што денес го чувствуваш — стравовите, несигурностите, обрасците во љубовта — потекнува токму оттаму. Тивко. Несвесно. Чекајќи да биде признаено.
Оваа вечер е простор за тоа.
Што ќе работиме?
На оваа работилница, во мал и безбеден круг, ќе работиме со два проверени методи:
🌿 Техника на Филис Кристал
Водени медитации и визуализации за препознавање и ослободување на несвесните врски и ограничувачки обрасци кои ги носиме од односот со мајката — чувства на недоволност, вина, незаслуженост, потреба за одобрување.
🌳 Семејни констелации – метод на Берт Хелингер
Истражуваме ја струјата на љубовта низ генерациите. Понекогаш тоа што го чувствуваш денес — тагата, тежината, блокадата — не е само твое. Можеби е нешто пренесено. Преку оваа вежба наоѓаме каде е прекинато и каде може повторно да тече.
🍞 Заеднички ритуал со колачи
Секоја работилница завршува со споделување — храна, свесност и присутност. Затворање на кругот со топлина и заедништво.
Зошто токму во август?
Август е месецот на Богородица — Космичката Мајка која штити, благословува и негува.
Таа е и нашата внатрешна Мајка — делот од нас кој знае да прости, да исцели и да почне одново.
Природата во август тивко преминува кон есен. И кај нас внатрешно се буди желбата за длабочина, смирување и враќање кон себе.
Тоа е совршено време да застанеш и прашаш: Што носам? Дали е тоа мое? И дали сум подготвен да го пуштам?
Оваа вечер е за тебе ако:
✔ Носиш рани од детството кои сè уште те боцкаат
✔ Имаш сложен или тежок однос со мајката — или со нејзиниот спомен
✔ Сакаш да разбереш зошто повторуваш исти обрасци во врски
✔ Чувствуваш дека носиш нешто тешко — но не знаеш точно што
✔ Едноставно чувствуваш дека е СЕГА моментот — без конкретна причина
Не мора да имаш „тешка” приказна. Доволно е да чувствуваш дека нешто чека да биде признаено.
Практични информации
| 📅 Датум | Сабота, 29 август 2026 |
| 🕓 Време | 17:00 – 20:00 |
| 📍 Локација | Долно Соње – Куќата со Лавовите |
| 👥 Број на учесници | Ограничен – мал круг |
| 💰 Цена | 1.000 денари |
Резервирај место
⚠️ Бројот на учесници е ограничен — за да се зачува интимноста и безбедноста на просторот.
📲 Пријава: испрати порака на 070 234 740
🔗 Онлајн плаќање: healthylifeskills.mk
За водителката
Билјана (Биби) Пешева е тренер за личен развој, јога инструктор, wellness coach и терапевт во семејни констелации и работа во поле.
Со над 30 години духовна пракса и над 600 часа психолошка едукација, Билјана води програми за исцелување, трансформација и свесен живот.
Основач е на Healthy Life Skills и Healthy Yoga — простори посветени на холистички пристап кон здравјето и личниот раст.
„Верувам дека секој човек носи во себе сè што му е потребно за да исцели. Моја улога е само да создадам простор каде тоа може да се случи.”
— Билјана Пешева
Ако овој текст те допрел — тоа не е случајно. Можеби тоа е твојата покана. 🌸




