Моментално празен: 0ден
🌿 Пролет – почеток на нов циклус, будење на нова енергија и можност за трансформација🌿
Секој нов почеток носи нови можности за растење, исцелување и трансформирање. На првиот ден на пролетта, кога природата започнува со своето будење, Ве поканувам да се приклучите на искуствената работилница која се базира на светски познатата терапевтска метода Семејни Констелации со шамански пристап.
🌸 22 март 2025 (сабота)– 11:00 -17.00 часот во Проефект
Оваа искуствена работилница ги комбинира техниките за ослободување и длабоко исцелување – Семејни Констелации на Берт Хелингер но со шаманскиот пристап, каде ќе имате можност да добиете дирекно искуство на духовно знаење и длабок контакт со вашите предци и душа.
Пролетта дефинитивно е време на обновување, растење и оживување. Така и ние, како индивиди, секоја пролет имаме можност повторно да се разбудиме од старите обрасци на мислење и чувствување, да ги разбудиме нашите внатрешни ресурси и да започнеме да чекориме по подобар пат за себе. Семејните констелации ќе ви помогнат да ги откриете несвесните шаблони и нерешените емоции кои сте ги усвоиле или превзеле, додека шаманизмот ќе ви овозможи да се поврзете со себе и својата душа, за да ја откриете мудроста и енергијата која ве поддржува на патот на себе-исцелувањето.
Семејни констелации – Зошто е важно да ги искусите барем еднаш во животот?
Семејните констелации се моќна терапевтска метода која помага да ги откриете и да се ослободите од несвесни обрасци на мислење и чувствување кои се добиени преку родот, предците или семејната историја. Овие (несвесни) обрасци влијаат врз вашиот начин на размислување, однесување и емоционално функционирање, создавајќи непотребни конфликти, блокади и болка во вашиот живот.
Семејните констелации помагаат да ги откриете овие невидливи врски и чувства, да ги разберете причините за проблемите со кој се соочувате и да се ослободите од нив. Овој процес не само што овозможува да се исцелите, туку и да ги трансформирате вашите односи и да создадете нова динамика и автентична релација во вашите животи. Преку ова искуство, вие ослободувате енергија која понатаму ви овозможува да започнете да чекорите по нов за вас пат – пат на растење и трансформација.
Семејните констелации се процес кој треба да се доживее, за да ја разберете длабочината и моќта кои тие ви го даваат.
✨ Придружете се на оваа искуствена работилница и поврзете се со силите кои го водат вашето внатрешно лекување и трансформација.
Првиот ден во пролетта е ваша шанса да започнете новиот циклус со свежа енергија и отворено срце.
📅 Датум: 22 март 2025 (сабота)
🕚 Време: 11:00 -17.00 час
📍 Локација: Проефект
Цена на работилницата:
3.100 МКД за поставување своја консталација,
1.500 МКД за учество во консталациите
💫 Резервирајте го вашето место на време, местата се ограничени!
💫Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за исцелување и трансформација!
#СемејниКонстелации #Шаманизам #Пролет #Трансформација #Исцелување #ДуховноЗнаење #БертХелингер #Енергија #НоваПочеток #БилјанаПешева