Моментално празен: 0ден
Во изминатите години, многу од вас поминаа низ моите работилници Семејни Констелации со Шамански Пристап и успееа за многу кратко време да ги отворат затворени врати кон своите семејни корени, и вратите кои водат кон приказните кои не ги живееле лично – но сепак ги превзеле од своите.
Често ме прашувате за вечната поврзаност меѓу нас и нашите предци.
Дали навистина сме поврзани?
Дали негативното наследство може да се исчисти?
Можеме ли да продолжиме понатаму, оставајќи зад себе болка која не е наша, но сме ја наследиле од некој од нашиот род?
На моите обуки и работилници секогаш зборувам дека сме создадени од генетиката на нашите предци. На овој свет доаѓаме со т.н. „куфер“ – во кој има нешто наше, добиено од овој живот – од раѓање до сега, но во него има и нешто што сме добиле од предходниот живот, или својата карма. Сè што преживеале нашите предци е запишано во нас – не само психолошки, туку и на енергетско и генетско ниво.
Ако тие живееле здрав, достоинствен и духовно исполнет живот, тогаш полето е силно и чисто – и од нас зависи дали ќе го одржиме такво.
Но ако во нивните животи имало трауми, болести, неправди или недовршени приказни – тогаш ние често го чувствуваме тоа како тежина, како повторување на судбината, како нејасна болка што не знаеме од каде доаѓа.
Во стариот завет има една реченица:
Татковците јадеа кисело грозје, а на децата им трнат забите.“
Објаснувањето е дека: Потребно е само да внимаваме да ние истото да не го оставиме како наследство на нашите деца.
Важно е да знаете: не можеме самоволно да го напуштиме семејниот систем. Ниту можеме да бидеме исклучени од него – дури ни по смртта. Душата припаѓа на тој систем.
И прашањето е дали постојат ритуали за чистење на негативното наследство?
Да, постојат.
Постојат ритуали и длабоки системски процеси преку кои се среќаваат минатото и сегашноста, живите и мртвите, недовршените циклуси и идните генерации. Преку нив се затвораат незавршени приказни, се враќа одговорноста таму каде што припаѓа и се спречува повторување на тешките судбини.
Ако некој од нашите предци страдал, боледувал или направил нешто што создало тежина во системот – нашата задача не е да го осудиме, туку да ја вратиме рамнотежата. Да завршиме со тоа – еднаш засекогаш.
Во древните традиции, под водство на гуру или учител, се создавал свет простор – често колиба, или во природа, во близина на вода, како симбол на животот и прочистувањето. Се палел оган кој не смеел да згасне до крајот на обредот. Просторот се прочистувал со темјан, жалфија, молитви и пеења.
Ритуалот започнувал на зајдисонце – симбол на крај на старото. По завршувањето, облеката се симнувала и се горела – како симболично ослободување од старите записи. Следувало ритуално миење во вода и молитва под дрво – отворање на внатрешното око и нова визија за животот.
Но прашање е дали денес ние тоа го правиме ?
Не буквално.
Но суштината останува иста: создавање безбеден простор, порамнување на енергетските и кармичките низи во семејството, затворањето циклусот и свесно продолжување понатаму. При тоа го користиме волшебниот метод на Берт Хелингер Семејни констелации.
Не можеме да го избришиме минатото.
Но можеме да станеме свесни дека таму има други квалитети.
Можеме да го трансформираме наследството.
Можеме да направиме чист пат за нашите деца.
🌿
Во сабота, 7 март, во Префект, ќе се одржи уникатна работилница која навистина носи длабоки промени во вашиот личен и семеен систем.
Почнуваме во 11:00 часот.
Бројот на места е ограничен и потребна е навремена пријава.
Ако чувствувате дека е време да завршите нешто старо и да започнете нешто ново – ова можеби е вашиот повик.
Задолжително е пријавување на вибер 070234740
Добредојдени сте !




