Моментално празен: 0ден
💛 Дата: 5 Јули (сабота)
💛 Локација: Природа, с. Долно Соње – во целосно урбанизиран простор во природа
💛 Време: 10:00 – 16:00
Зошто е добро да работиме во природа?
Природата е најмоќниот простор за враќање на спонтаноста и отвореноста кон животот. Таа нуди мир, тишина и простор потребен за вистински се поврземе со себе и со останатите. Природата ќе нè поттикне да бидеме присутни, да ги ослободиме старите блокади и да се отвориме за новите искуства. Оваа работилница ќе започнеме со Point of You Методологија за да се поврземе длабоко со темата која што ќе ја работи секој еден од учесниците.
Работилницата е наменета не само за оние кои сакаат да работат на својот личен развој, туку и за сите кои сакаат да научат како да работат со луѓе во група. Бидете дел од искуството каде што ќе се создаде безбедна средина за искреност, ослободување и личен раст.
🎯 Целта на Клубот Патот на Душтата е:
Враќање на автономноста и автентичноста преку развивање на клучните психолошки капацитети кај човекот:
✨ Свесност – да го согледуваме сегашниот момент без филтри од минатото.
🌱 Спонтаност – слободно и автентично изразување на чувства и мисли.
💞 Интимност – искрено поврзување со другите без манипулации.
🧭 Одговорност – преземање одговорност за сопствениот живот и промени.
🚀 Работиме со длабоки исцелителни и психотерапевтски методи за да добиеме уникатни увиди и нова перспектива за животот. Клубот е патување кон себе и своето еволуирање на емотивно и ментално поле.
На оваа работилница ќе работиме со три метода:
-
Point of You Методологија
Основана од Ава Картал, оваа методологија ни помага да ја видиме нашата потсвест од нов агол. Користејќи фотографии и визуелни алатки, ќе ги откриеме нашите внатрешни блокади и ќе го прошириме нашето разбирање за себе. -
Семејни Констелации
Основани од Берт Хелингер, работиме со длабоки процеси кои ни овозможуваат да добиеме увид во нашите релации, семејни динамики и енергии кои влијаат на нашите животни патувања. Оваа метода ни помага да се ослободиме од старите обрасци и да изградиме нови, здрави врски. -
Скулптурирање
Овој метод е развиен од Вирџинија Сатир. Ни овозможува да ги извадиме нашите чувства, блокади или нејасни гласови од себе и да се ослободиме од нив. Користејќи го телото како алатка, се ослободуваме од внатрешните бариери и го наоѓаме нашиот вистински пат.
Секој учесник ќе има можност да избере која метода најдобро му одговара, бидејќи процесот е уникатен за секој од нас. Иако познаваме и користиме многу други психотерапевтски методи, овие три ќе го направат ова искуство посебно и различно.
🎤 Кој ќе ја води работилницата?
👩🦰 Билјана Пешева – автор, тренер,велнес и јога инструктор и терапевт во семејни констелации.
👩⚕️ Анета Начевска – специјалист по медицинска психологија и системски семеен терапевт.
📩 Ако сакате да се вклучите во работилницата или да станете дел од Клубот Патот на Душата, пишете ми за инструкции и информации. 🌞
Пријавете го своето учество на вибер 070234740
#патотнадушата #спонтаност #отвореност #природа #работилница #менталноздравје #автентичност #свесност #интимност #лиценразвој #психотерапија #билјанапешева #анетаначевска