Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK

Патот на Душата: Постигни интимност преку храбро отворање на детските рани

Home » Events » Патот на Душата: Постигни интимност преку храбро отворање на детските рани
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape

Во основата на секоја длабока и здрава врска лежи вистинската поврзаност со себе. Но, колку често навистина се осмелуваме да погледнеме во себе и да ја видиме вистината – со сите свои рани, надежи и копнежи?

Токму затоа го создадовме нашиот клуб „Патот на Душата“ – простор каде што секој кој е подготвен може да зачекори кон својата автентичност и да изгради односи полни со свесност, интимност и вистинска љубов.

🧠 На третата искуствена работилница, што ќе се одржи на 21 мај (среда) од 17:00 часот во Психофокус, Скопје, ќе работиме на длабока и многу важна тема:

👉 „Постигни интимност со партнерот преку храбро отворање на детските рани“

Зошто оваа тема е толку важна?

Нашите најдлабоки љубовни врски најчесто ги носат во себе и нашите најдлабоки рани од детството.
Тие несвесни пораки што сме ги добиле – за љубовта, вредноста, припадноста – директно влијаат врз начинот на кој се поврзуваме со партнерите.

Како што вели Габор Мате:

„Секогаш се венчавате со некој кој ви ја тригерира несреќата што сте ја доживеале.“

И тоа не е казна, туку можност за исцелување.

Кога сме со партнерот, се отвораат најчувствителните делови од нас – љубовта, но и стравовите, болката, срамот. Често љубовната врска е истовремено и сон и предизвик, токму затоа што во себе ги носи сите аспекти на нашето човечко искуство.

Како ќе работиме на работилницата?

На оваа работилница ќе користиме два длабоко трансформативни метода:

🔹 Семејни констелации по Берт Хелингер

„Животот тече напред кога прифаќаме сè што е, такво какво што е.“ – Берт Хелингер
Преку констелациите ќе ги препознаеме динамиките што влијаат врз нашите односи – несвесните обрасци што ги носиме од семејството и како тие влијаат на љубовните врски денес.

🔹 Скулптурирање според Вирџинија Сатир

„Секој човек има капацитет да биде автентичен, но тој капацитет е често затрупан под слоеви на прилагодување.“ – Вирџинија Сатир
Со овој метод ќе можеме телесно и визуелно да ги видиме нашите внатрешни состојби и да ги освестиме начините на кои нашата детска ранливост и незадоволени потреби влијаат врз сегашните врски.

Целта на Патот на Душата

Целта на клубот „Патот на Душата“ е да нè врати кон нас самите:
Да ја тргнеме маската.
Да ја видиме љубовта без драма.
Да изградиме односи во кои сме спонтани, свесни и автентични.

Иако работиме за партнерските релации, ова е пред сè патување кон себе. Кога сме автентични кон себе, можеме да бидеме автентични и кон другиот.


📍 Локација: Психофокус, Скопје
📅 Датум: 21 мај 2025 (среда)
🕙 Време: 17:00 – 21:00
💰 Цена: 3.100 мкд

✨ Твојата душа заслужува автентична љубов. Почни од себе. Почни сега.

Информации за настанот

  • Цена:3,100.00 ден
  • Вкупно слот:30
  • Резервиран слот:0
Резервирај сега
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се