Моментално празен: 0ден
5-неделен онлајн циклус на спиритуални работилници
11 Јануари – 8 Февруари 2026 • Секоја недела 20:00 – 22:00 • Zoom
Последните четри години редовно Јануари го трансформирам како за себе така и за сите вас во едно ново спиритуално искуство.
Во најдолгиот и најладниот месец од годината, ве поканувам да започнете едно ново патување – патување кон себе, кон сопствената мудрост, мир и јасност.
🎁 Празнична понуда: Една уплата важи за двајца (до 31.12.2025).
Овој подарок ќе ви помогне да ја започнете годината центрирани и го поминете најдолгиот месец во годината Јануари во контакт со себе и своите потреби.
📌 Цена
2.800 мкд за сите 5 сесии + 21 јога видеа
-
секоја недела вечер учествувате на двочасова сесија во живо (Zoom)
-
секое работно утро добивате 20-минутно видео со јога утрински вежби за физичка и ментална рамнотежа.
Уплата: 300000000379694 (СУНА Хелти Лајф – Скопје или преку копчето резервирај
Пријава по уплата: healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070234740
Започнете ја новата година со уникатен подарок за себе и вашите најблиски. Овој Јануари, наместо студ и затвореност дома, навистина ви нудам топло патување кон вашата внатрешна мудрост и повисока свесност. Искористете ја можноста – една уплата важи за двајца (понудата важи за уплати до 31.12.2025)!
🌟 Што ќе добиете?
Овој Јануарски циклус работилници ве води низ длабоко спиритуално истражување и тоа:
🔹 Поврзување со искуствата од минатите животи
🔹 Пристап до вашите записи во АКАША
🔹 Ослободување од КАРМА и енергетските блокади
🔹 Активирање на интуицијата и внатрешниот извор на сигурност
🔹 Трансформација преку водени медитации, визуелизации и техниката на психологот Филис Кристал и Билјана Пешева
Преку креативна визуелизација и медитации, ќе дојдете до ослободување од трауми и блокади кои несвесно ве ограничуваат. Ќе го активирате оној мудар дел во вас – вашата интуиција, внатрешен Бог или Себство.
Програма по сесии:
#1 Дата: 11 Јануари 2026 (недела)
Тема: Одврзување од „мајмунскиот ум“ и поврзување со вашите записи во Акаша.
На оваа сесија ќе работиме стари трауми, настани или искуства кои се длабоко застанати во вашата потсвест и влијаат врз сегашноста. Во медитацијата ќе направиме ментално патување низ акаша (етерот) (од каде што и произлегол нашиот човечки облик), за да видиме од каде извира врзаноста, одбојноста и стравот кој го имаме во нашиот живот.
#2 Дата: 18 Јануари 2026 (недела)
Тема: Медитација за ослободување од карма и создавање баланс.
Наспроти традиционалниот психолошки пристап во кој се вели дека човекот се раѓа како “табула раса” или чиста бела табла на која ништо не е испишано, традиционалниот спиритуален поглед гледа на човекот како душа и вели дека секоја една личност се раѓа со однапред вграден програм (како компјутер со вграден програм) во кој однапред се предвидени алгоритмите и комбинациите да: сретне одредени луѓе , да се соочи со одредени искуства, да научи нешто преку страдањето или блиските, итн. Овие настани со кои се среќаваме на својот животен пат се всушност нашите кармички искуствата, оние кои не сме ги завршиле во минатите животи.
Затоа, секој човек има свој уникатен кармички програм и поминува различни искуства за да созрее и порасне во својот живот. И не секое кармичко искуство може да се изработи во овој живот. Она што е важно да знаеме и е поврзано со СЕГА И ОВДЕ и нашиот сегашен живот е дека ние исто со постапките, мислите и емоциите креираме карма со чии што последици ќе се соочиме во овој но можеби и во наредните животи.
Па доколку се чувствувате заглавени во животот и не знаете од каде доаѓа тоа, оваа медитација е за вас каде преку враќање во минатите животи ќе го откриете коренот на вашата врзаност и блокада Благодарејќи на техниката на психологот Филис Кристал и Повисоката Свесност која е симбол на внатрешната мудрост и е наш внатрешен сведок, ќе го видите целиот ваш животен пат, лекциите кои сте ги пропуштиле во минатите животи, преку оваа длабока медитација.
#3 Дата: 25 Јануари 2026 (недела)
Тема: Соочување со стравовите и сенката и поврзување со внатрешното дете.
Ќе добиете искуство за внатрешните стравови и блокади кои несвесно ве спречуваат да креирате слободна и автентична релација со луѓето околу вас како и со самите себе си. Преку оваа метода ќе дојдете во контакт со вашата СЕНКА , оној дел од вас што ве спречува да растете и да напредувате во животот. Ќе се соочите со неа и ќе ја трансформирате како енергија од сенка во сила.
#4 Дата: 1 Февруари 2026 (недела)
Тема: Повторно раѓање и активирање на енергијата на љубовта.
Оваа сесија ќе му даде на вашето срце т.н “Бај-Пас” за да може енергетски да се балансира, урамнотежи и ослободи од старите болки и трауми. Кога зборуваме за Бај пас на срцето зборуваме за повторно поврзување со енергијата на љубовта која тече во секој еден од нас бидејки сите ние сме родени со способноста да сакаме и да бидеме сакани. Се што треба да направиме е да се одврземе од минатото и болните искуства за да може да дозволиме на енергијата на љубовта непречено да тече низ нас.
——————–
БОНУС
#5 Дата: 8 Февруари 2026 (недела)
Тема: Одврзување од врските по методот на психологот Филис Кристал и поврзување со повисоката свесност.
Mетодот на Филис Кристал, познат како „Cutting the Ties that Bind“, е алатка за ослободување од несвесните енергетски врски кои не ограничуваат и кочат во животот. Преку симболи и креативна визуелизација, овој метод овозможува прекинување на токсичните врски со луѓе, ситуации или обрасци од минатото. Целта е да се воспостави слобода, автентичност и контакт со повисоката свест, која носи мир и внатрешна рамнотежа.
Оваа работилница е и почеток на новиот курс по методот на Филис Кристал кој започнува токму на 8 Февруари и ако сте заинтересирани да продолжите да работите со нас, за вас како учесници на Јануарските спиритуални сесии следува попуст за учество во новиот курс.
⭐ Рекле за овие работилници
“Едно од најослободителните искуства во мојот живот. Болката што ја носев со години почна да исчезнува. Ви благодарам што ме водевте низ овој процес.”
💛 Започнете ја годината со намера и љубов
Не чекајте “подобро време”. Јануари е вашиот нов почеток.
Подарете си на себе и некојоја ваша пријател/ка духовна чистота, мир и трансформација.
Дарувајте љубов – дарувајте раст – дарувајте себе.
И новата 2026 ќе ви започне на друг начин




