Моментално празен: 0ден
Вебинар: „Од Себе до Нас“ – Свесно влегување (или останување) во љубовна врска
🗓 14 мај (среда)
🕖 20:00 часот
📍 Webinar – Онлајн, преку Zoom
Љубовните врски не започнуваат само со некој кој ни се допаѓа – тие започнуваат прво со себе.
Те покануваме на интерактивната онлајн работилница „Од Себе до Нас“, каде ќе истражуваме како нашите лични обрасци, стравови, сила и очекувања влијаат врз начинот на кој се поврзуваме во љубовните релации.
🔹 Преку лична рефлексија
🔹 Водени вежби
🔹 Искрена размена во безбеден простор
ќе откриеме:
-
Што носиме со „себе“ кога влегуваме во некоја врска
- Зошто прифаќаме да бидеме во врска, без (о)бврска
-
Како да создадеме простор за манифестирање на она што е заедничко за “нас” двајцата
-
Како свесно да се движиме кон интимност, блискост, припадност кон нашата врска или брак а притоа да сме јасни, отворени и искрени во реалција кон себе
👥 Работилницата ќе ја водат искусни професионалци во својата област:
Бојана Стојменовиќ – психолог, семеен и системски советник, основач на Мој Психолог
Билјана Пешева – тренер, јога инструктор, велнес коуч, автор и констелатор, основач на Healthy Life Skills & Healthy Yoga
🔗 Регистрацијата е задолжителна. Линк за учество ќе биде испратен по потврда на пријавата.
🎟 Учеството е ограничено – резервирај го твоето место навреме!
Ова е покана да се сретнеш со себе – за да можеш вистински да се сретнеш со љубовта на својот живот. 💛