Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK

✨ ЕДНОДНЕВНА ИСКУСТВЕНА РАБОТИЛНИЦА ВО ПРИРОДА ПО МЕТОДОТ НА ФИЛИС КРИСТАЛ

Home » Events » ✨ ЕДНОДНЕВНА ИСКУСТВЕНА РАБОТИЛНИЦА ВО ПРИРОДА ПО МЕТОДОТ НА ФИЛИС КРИСТАЛ
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape
Breadcrumb Abstract Shape

„ГЕНЕРАЛКА НА ТВОЈОТ УМ И ЕМОЦИИ“ -– 28 Јуни, Долно Соње

🔆 Кога ќе му дадеш простор на внатрешниот свет – животот добива друг правец.
Токму затоа, по 15 години практикување и водење на оваа техника низ Македонија, те поканувам на еднодневна работилница во природа, каде ќе направиме целосно психо-емоционално ослободување (или генералка чистење)  со методот на Филис Кристал – Одврзување на врските.(Cutting the ties that bind us)

Методот на Филис Кристал е длабока психо-духовна практика која има за цел ослободување од несвесните врски што нè држат заробени во стари модели, навики, стравови и врзани релации. Нејзиниот метод е развиен преку нејзината терапевтска работа, духовните искуства и инспирации од источната и западната традиција, а најмногу се базира на психологијата на Карл Густав Јунг, хипнотерапијата на Милтон Ериксон и духовните учења на Сатја Саи Баба кои таа ги примила во Индија.

📍 Локација: Куќата со Лавовите, Долно Соње
📅 Датум: 28 Јуни (сабота)
🕙 Време: 10:00 – 19:00 часот

🎓 Методот на Филис Кристал:

Филис Кристал создава уникатна комбинација на психологија и духовност. Работи со симболи, архетипови и визуелизации врз основа на Јунговата и Ериксоновата психологија. Методата нè учи да се ослободиме од старите врски, негативни модели и колективни архетипови преку едноставни, но длабоки ритуали и алатки кои комуницираат со потсвеста.


🌞 Зошто токму во природа?

Природата ни овозможува пространост, мир и внатрешна тишина. Просторот е целосно урбанизиран, но поврзан со природата. Овде ќе можете безбедно да се нурнете во себеси, да медитирате и стапите во контакт со Повисоката Свесност – (Higher Consciousness (Hi C) како што Филис го нарекува оној мудар дел во секој еден од нас кој ги знае одговорите на сите наши прашања.

🌿 Основни принципи на методот

1. Одврзување од лажната сигурност

Многу луѓе несвесно се држат за надворешни авторитети – родители, општествени норми, религиски правила, партнери, дури и сопствени навики и страхови – како извор на сигурност. Методот нè учи да се ослободиме од овие врски и да се поврземе со внатрешниот извор на мудрост – наречен Повисоко Јас.

2. Комуникација со Потсвеста преку симболи

Филис Кристал развила сет од визуелни симболи и ритуали кои директно комуницираат со потсвеста, бидејќи таа не разбира логика, туку слики, емоции и симболика. Симболите се јазикот на потсвеста, и се користат за да се внесат нови позитивни обрасци во несвесното.

3. Раѓање на автентичното Јас

Методот нè води да станеме слободни, целовити и интегрирани личности, кои повеќе не се управувани од несвесни архетипови, туку од внатрешната интуиција, љубов и вистински вредности.

📚 Научна основа

Методот користи концепти од:

  • Јунговата психологија: колективно несвесно, архетипови, слики од соништата.

  • Ериксоновата хипноза: индиректни сугестии, симболи и комуникација со потсвеста.

  • Визуелна и енергетска терапија: преку работа со внатрешни слики и енергетски полиња.


✨ Зошто функционира?

🔸 Потсвеста управува со над 90% од нашето однесување. Ако не ја вклучиме потсвеста во трансформацијата, промената останува површна.
🔸 Методот на Филис Кристал е нежен, но моќен, бидејќи работи со емоции, симболи и внатрешни слики.
🔸 Тој нè учи да станеме автономни и да не зависиме од надворешни авторитети, туку да најдеме внатрешен мир, сила и насока.


❤️ За кого е?

  • За оние кои чувствуваат дека се „заглавени“ во одредени односи, емоции или животни ситуации.

  • За оние кои се подготвени да го остават минатото зад себе и да тргнат по патот на својата душа.

  • За секој што сака да се ослободи од стари програми и да живее слободно, со љубов и свест.


✅ Што да понесеш:

  • Домашно зготвена храна и вода

  • Јога мат, шал, удобна облека, крема за сонце

  • Тетратка и пенкало

  • Отворено срце и љубопитен ум 💛

Ако сакаш да ја запознаеш оваа методологија во живо, повели на работилницата во природа на 28 Јуни, каде низ еден ден ќе го искусиш методот и ќе направиш длабока психо-емоционална прочистување.

📩 За пријави: Viber 070 234 740

Работилницата ќе ја води 
Билјана Пешева 
Фасилитатор по методот на Филис Кристал
💛 15 години искуство со техниката | Води Курсеви, работилници и настани по овој метод во живо и онлајн

Билјана Пешева е тренер, сертифициран јога инструктор, водител на медитации, велнес коуч и терапевт за семејни констелации и работа со поле. Со долгогодишно искуство во полето на личен развој и ментално здравје, таа ги инспирира своите ученици да пронајдат радост и мир во секојдневието. Автор е на книгата „Водич за ослободување од тага“, која веќе помага на многумина да се справат со загубата и болката. Во изминатите 10 години има креирано неколку курсеви по методот на Филис Кристал и овој настан е дел од таа програма.

Информации за настанот

  • Цена:3,000.00 ден
  • Вкупно слот:25
  • Резервиран слот:0
Резервирај сега

Овој настан истече

shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се