Моментално празен: 0ден
🌸 Повик од Космичката Мајка
Вечерна духовна работилница – 30 август | 17:00 – 20:00 | Долно Соње
Во срцето на летото, кога природата тивко преминува во есен и се буди желбата за внатрешна тишина и подлабока свесност, ве поканувам на еден посебен настан – вечерна духовна работилница посветена на љубовта, исцелувањето и поврзувањето со Космичката Мајка.
Ова не е само уште една работилница. Ова е простор каде ќе работиме со коренот на нашето битие – односот со мајката.
Зошто мајката?
Нашата мајка е првата врска што ја доживуваме. Таа е првиот допир, првата храна, првиот глас. Од неа го учиме јазикот на љубовта – или болката. Без разлика дали сме добиле љубов, одобрување, внимание – или токму спротивното – таа врска остава длабока трага во нашата душа.
Многу од нашите емоционални блокади, стравови, несигурности или дури и тешкотии во партнерските врски, ја имаат својата основа во односот со мајката. Често без да сме свесни, носиме во себе детски рани кои чекаат да бидат признаени, сакани, исцелени.
Зошто Космичката Мајка?
Во многу духовни традиции, особено во нашата православна култура, август е месецот на Богородица – мајката која штити, благословува и ги чува срцата на сите. Таа не е само симбол на нежност, туку и на внатрешна сила, на безусловна љубов, и на можноста за внатрешно препородување.
Таа е и нашата внатрешна Мајка – делот од нас што знае да прости, да негува, да исцели и повторно да почне од почеток.
💫 Што нè очекува?
На оваа работилница, ќе создадеме безбеден и поддржувачки круг каде ќе можеме групно да работиме на овие рани, со цел да:
-
ја ослободиме потиснатата болка,
-
се поврземе со љубовта што сме ја заслужувале,
-
и најважно – да се вратиме во контакт со Космичката Мајка:
тој духовен принцип на безусловна љубов, нега и заштита што постои надвор од личната приказна.
Ќе користиме два проверени методи:
🌿 Техниката на Филис Кристал – одврзување од несвесни врски и обрасци што не’ ограничуваат
🌳 Семејни констелации (метод на Берт Хелингер) – ќе имаме вежба за генерацискиот тек на љубовта и нашето место во тој тек
🍞 Работилницата ќе заврши со заеднички ритуал – споделување на колачи, во чест на древните традициии на празнување преку храна, свесност и игра.
📍 Детали за настанот:
📅 Датум: Петок, 30 август 2025
🕓 Време: 17:00 – 20:00
📍 Локација: Долно Соње – Куќата со Лавовите
💰 Цена: 1000 денари
📲 Пријава: со порака на 070 234 740
(бројот на учесници е ограничен)
За кого е оваа работилница?
💗 За оние што чувствуваат рани од детството
💗 За сите што сакаат да се ослободат од стари обрасци во љубовта
💗 За оние што сакаат да се поврзат со нешто поголемо од себе
💗 За оние што чувствуваат дека е време за исцелување и враќање кон својата внатрешна сила
🕊️ Повикот е тука.
Можеби не случајно го читаш токму сега.
Ова е твојата покана за љубов и нов почеток.
Љубов и светлина,
Билјана Пешева




