Моментално празен: 0ден
Healthy Yoga сезона 2025/2026
Секоја есен носи нов почеток – време за нови навики, време да си дадеме грижа и љубов.
Токму затоа со радост те поканувам да бидеш дел од новата Healthy Yoga сезона 2025/2026.
Јогата не е само вежба за телото – таа е патување кон мирен ум, посилно тело и поотворено срце.
Во секој час ќе работиме на:
✨ Подобра флексибилност и издржливост
✨ Намалување на стресот и анксиозноста
✨ Внатрешен баланс и смиреност
Оваа сезона имаш можност да одбереш:
🧘♀️ Онлајн јога
– Вторник и четврток | 07:30 – 08:30
– Цена: 1200 мкд месечно
💛 Овој Октомври почнуваме со СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ за онлајн групата:
➡️ Еден плаќа – двајца вежбаат!
🧘 Работиме заедно на ментално и физичко здравје – она што јас го нарекувам Healthy Yoga.
Фокусот е на ослободување од стрес, напнатост и враќање на балансот во телото и умот.
🧘♂️ Јога во сала – Кисела Вода
– Вторник и четврток | 21:00 – 22:00
– Цена: 1500 мкд месечно
Зошто е важно да имаме континуитет?
Летото ни носи море, сонце и чувство на леснотија. Многумина токму тогаш почнуваат со јога или ја продолжуваат својата пракса со полесно срце. Но вистинските придобивки од јогата не се во неколку дена одмор – тие доаѓаат со редовна и континуирана пракса.
Во текот на есенско-зимскиот период, кога деновите стануваат покуси, а обврските потешки, јогата е најдобриот начин да се грижиме за себе. Со само еден час двапати неделно:
✨ го зајакнуваме телото и имунитетот,
✨ го смируваме умот и се справуваме со стресот,
✨ создаваме простор за енергија и внатрешен мир,
✨ градиме навика која трае цела година.
Зошто онлајн јога?
Онлајн форматот ти овозможува:
– Да вежбаш од удобноста на твојот дом.
– Да заштедиш време за патување.
– Да имаш флексибилност и стабилност во распоредот.
– Да бидеш дел од група што заедно се мотивира и поддржува.
💛 Октомври почнуваме со СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ:
➡️ Еден плаќа – двајца вежбаат!
Како да се пријавиш?
👉 Кликни на копчето РЕЗЕРВИРАЈ и прати ни ги твоите податоци
📌 Не ја пропуштај шансата – новата Healthy Yoga сезона започнува на 2 Октомври 2025!
Ова е твоја можност да започнеш или продолжиш со јога и да си подариш здравје, сила и смиреност токму тогаш кога најмногу ти треба.
Љубов и светлина
Healthy Yoga – Билјана Пешева 🌿




