Моментално празен: 0ден
Драги љубители на Хелти јога и здравиот начин на живот
Со голема радост ве поканувам на завршниот настан на Хелти јога заедницата за оваа 2025 година
————————————–
📅 13 декември (сабота)
📅 11:00 – 13:00 часот
📍 Cvet Bistro Bar, Аеродром 🚗 Паркинг: има и платен и бесплатен во близина.
———————————–
Healthy Yoga Christmas Brunch – празнично утринско дружење посветено на сите Вас кои поминале низ Healthy Life Skills & YOGA програмите, ретритите, работилници и активности во текот на оваа и претходните години.
✨ Healthy Yoga Christmas Brunch – што да очекуваш?
Ова не е само brunch – туку утринско self-care искуство каде што ќе размениме што сме трансформирале во оваа година, ќе се поддржиме, ќе се инспирираме и ќе ја затвориме годината со љубов и благодарност.
Во овој празничен бранч добиваш:
🌺 Превкусен Christmas Brunch – појадок и кафе по избор
🌺 Интерактивен разговор & self-care talks
🌺 Можност да бидеш дел од поддржувачката Healthy Yoga заедница
🌺 Простор да се поврзеш, да се опуштиш и да се наполниш со убави емоции
☀️ Зошто Brunch наутро, а не класична прослава?
Утрата носат посебна, нежна и смирена енергија.
За разлика од класичните прослави и ресторани, каде фокусот е на музика, галама и формалност, решив да се сретнеме наутро за да навистина се слушнеме, да се потсетиме што ни значи оваа заедница и да споделиме моменти кои ќе ги паметиме. Плус наутро сме поопуштени, посвесни и поприсутни. Умот ни е чист, телото одморено, а срцето отворено за искрен разговор.
Brunch е време кое сакам да си го посветиме само на нас за да можеме да бидеме автентични, искрени и присутни една за друга.
Посакувам да ја завршиме годината не со гужва и хаос, туку со нежност, поврзување и благодарност.
—————————-
☝️ Важно: бројот на места е ограничен
Локалот има ограничен капацитет и предуслов за учество е пријава преку формуларот кој ќе го најдете на копчето резервирај.
По пријавувањето, ќе добиете е-маил потврда – само по потврдата вашето место е резервирано.
💰 Цена 600 денари
Во цената е вклучено: Доручек + кафе (Плаќање кај организаторот – пред настанот).
👉 Ве молам пријавете се само ако сте сигурни дека ќе присуствувате, за да им дадеме можност на сите заинтересирани.
Љубов и светлина
Биби Пешева




