Моментално празен: 0ден
Нова Година – Нов Почеток: Поврзување со Себе преку Циклус Спиритуални работилници и тоа во најладниот месец од годината
📅 12 Јануари – 9 Февруари 2025 (секоја недела вечер)
⏰ 20:00 – 22:00 часот
📍 Онлајн (Zoom)
💌 Цена: 2.800 мкд – плаќаш за еден, учествуваат двајца!
Започнете ја новата година со уникатен подарок за себе и вашите најблиски. Овој Јануари, наместо студенилото, нудиме топло патување кон вашата внатрешна мудрост и повисока свесност. Искористете ја можноста – една уплата важи за двајца (понудата важи за уплати до 31.12.2024)!
Што ќе добиете од овој курс?
Овој циклус од 5 спиритуални сесии ќе ве води кон:
- Истражување на вашите искуства од минатите животи.
- Пристап до вашите записи во Акаша (етерот).
- Ослободување од карма и блокади.
- Поврзување со вашето спиритуално Јас.
- Активирање на внатрешниот извор на сигурност и мудрост.
Преку креативна визуелизација и медитации, ќе дојдете до ослободување од трауми и блокади кои несвесно ве ограничуваат. Ќе го активирате оној мудар дел во вас – вашата интуиција, внатрешен Бог или Себство.
Програма по сесии:
#1 Дата: 12 Јануари 2025 (недела)
Тема: Одврзување од „мајмунскиот ум“ и поврзување со вашите записи во Акаша.
На оваа сесија ќе работиме стари трауми, настани или искуства кои се длабоко застанати во вашата потсвест и влијаат врз сегашноста. Во медитацијата ќе направиме ментално патување низ акаша (етерот) (од каде што и произлегол нашиот човечки облик), за да видиме од каде извира врзаноста, одбојноста и стравот кој го имаме во нашиот живот.
#2 Дата: 19 Јануари 2025 (недела)
Тема: Медитација за ослободување од карма и создавање баланс.
Наспроти традиционалниот психолошки пристап во кој се вели дека човекот се раѓа како “табула раса” или чиста бела табла на која ништо не е испишано, традиционалниот спиритуален поглед гледа на човекот како душа и вели дека секоја една личност се раѓа со однапред вграден програм (како компјутер со вграден програм) во кој однапред се предвидени алгоритмите и комбинациите да: сретне одредени луѓе , да се соочи со одредени искуства, да научи нешто преку страдањето или блиските, итн. Овие настани со кои се среќаваме на својот животен пат се всушност нашите кармички искуствата, оние кои не сме ги завршиле во минатите животи.
Затоа, секој човек има свој уникатен кармички програм и поминува различни искуства за да созрее и порасне во својот живот. И не секое кармичко искуство може да се изработи во овој живот. Она што е важно да знаеме и е поврзано со СЕГА И ОВДЕ и нашиот сегашен живот е дека ние исто со постапките, мислите и емоциите креираме карма со чии што последици ќе се соочиме во овој но можеби и во наредните животи.
Па доколку се чувствувате заглавени во животот и не знаете од каде доаѓа тоа, оваа медитација е за вас каде преку враќање во минатите животи ќе го откриете коренот на вашата врзаност и блокада Благодарејќи на техниката на психологот Филис Кристал и Повисоката Свесност која е симбол на внатрешната мудрост и е наш внатрешен сведок, ќе го видите целиот ваш животен пат, лекциите кои сте ги пропуштиле во минатите животи, преку оваа длабока медитација.
#3 Дата: 26 Јануари 2025 (недела)
Тема: Соочување со стравовите и сенката и поврзување со внатрешното дете.
Ќе добиете искуство за внатрешните стравови и блокади кои несвесно ве спречуваат да креирате слободна и автентична релација со луѓето околу вас како и со самите себе си. Преку оваа метода ќе дојдете во контакт со вашата СЕНКА , оној дел од вас што ве спречува да растете и да напредувате во животот.
#4 Дата: 2 Февруари 2025 (недела)
Тема: Повторно раѓање и активирање на енергијата на љубовта.
Оваа сесија ќе му даде на вашето срце т.н “Бај-Пас” за да може енергетски да се балансира, урамнотежи и ослободи од старите болки и трауми. Кога зборуваме за Бај пас на срцето зборуваме за повторно поврзување со енергијата на љубовта која тече во секој еден од нас бидејки сите ние сме родени со способноста да сакаме и да бидеме сакани. Се што треба да направиме е да се одврземе од минатото и болните искуства за да може да дозволиме на енергијата на љубовта непречено да тече низ нас.
#5 Дата: 9 Февруари 2025 (недела)
Тема: Одврзување од врските по методот на психологот Филис Кристал и поврзување со повисоката свесност.
Mетодот на Филис Кристал, познат како „Cutting the Ties that Bind“, е алатка за ослободување од несвесните енергетски врски кои не ограничуваат и кочат во животот. Преку симболи и креативна визуелизација, овој метод овозможува прекинување на токсичните врски со луѓе, ситуации или обрасци од минатото. Целта е да се воспостави слобода, автентичност и контакт со повисоката свест, која носи мир и внатрешна рамнотежа.
Оваа работилница е и почеток на новиот курс по методот на Филис Кристал кој започнува токму на 9 Февруари и ако сте заинтересирани да продолжите да работите со нас, за учесниците на Јануарските спиритуални сесии следува попуст за учество во новиот курс..
Како да се приклучите?
- Траење на секоја сесија: 2 часа.
- Потребно: Стабилен интернет, пристап до Zoom и мирно место за изолација.
- Цена:
- 2.800 мкд за сите 5 сесии (една уплата важи за двајца).
- Уплатата се врши преку жиро сметка на здружението СУНА Хелти Лајф Скопје: 300000000379694 или преку оваа веб страна со картичка
- По уплатата пријави се на: healthyyogaskopje@gmail.com
Рекле за нас:
“Ова беше едно од најослободителните искуства во мојот живот. Болката која ја носев со години почна да исчезнува. Ви благодарам што ме водевте низ овој процес.”
Не пропуштајте ја оваа шанса да нурнете длабоко во себе и да го активирате вашиот спиритуален потенцијал.
Дарувајте љубов и трансформација – започнете ја 2025 година со вистински чекор кон себеспознание!