Моментално празен: 0ден
Драги пријатели,
Со радост и благодарност за нашето заедничко патување кое трае повеќе од 10 години, го најавувам мојот прв подарок за Вас во 2025 година!
Како знак на љубов кон вас и мојата Healthy заедница, ве поканувам на 5 дена бесплатни разговори на тема “Ментален и Емотивен Детокс – холистички пристап за враќање на животна хармонија.”
Кога?
📅 Од 27 до 31 Јануари 2025
⏰ Секоја вечер од 20:00 до 21:00 часот
🌐 Каде na Zoom, онлајн
Во текот на овие 5 дена ќе разговараме, учиме и ќе споделуваме техники за смирување на умот, ослободување од емоционалните тежини и враќање на животната хармонија.
Сѐ што треба да направите е да се регистрирате на време на овој линк:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/py43q_7dQmavEWN1BAQcLg
Ова е мој начин да ja започнеме годината заедно, со љубов, мир и позитивност.
Со нетрпение очекувам да ве видам и да го споделам моето искуство со сите вас!
Љубов и светлина,
Билјана Пешева