Currently Empty: 0mkd
Blog
Грижата за себе не е луксуз: Предновогодишен Healthy Yoga бранч средба
Healthy Yoga Christmas Brunch – успешен и длабоко значаен завршеток на 2025
Понекогаш, пред да продолжиме понатаму, најважно е да застанеме.
Да се видиме. Да се погледнеме. Да си дадеме простор — макар час или два — да бидеме вистински со себе и едни со други.
Токму таква беше нашата предновогодишна средба, односно празничниот Healthy Yoga Christmas Brunch.
Средба исполнета со љубов, топлина, присутност и радост што повторно се собравме во ист простор.
Бранчот помина исклучително успешно — но не поради формата, туку поради длабочината.
✨ Што навистина се случи на оваа средба?
Заедно споделувавме:
– што оставаме зад себе од 2025
– што носиме со нас
– и што свесно избираме да негуваме во 2026
Секој учесник симболично „потпиша договор со себе“ — лична обврска за тоа како ќе се грижи за своето тело, ум и душа во наредната година.
Еден мал, но многу моќен self-care пакет за 2026.
Имаше многу искрени зборови, насмевки и длабоки увиди.
Искреноста не мораше да се објаснува — се гледаше во очите.
🕯 Симболи што зборуваат погласно од зборовите
Секој учесник доби и симболична златна свеќа — потсетник на внатрешната светлина, намерата и фокусот што го носиме со себе во новата година.
И посебен, прекрасен подарок:
🌿 Златниот ајурведски еликсир – Ghee
Со огромна благодарност кон Млекара Јока, секој учесник доби висококвалитетен пречистен путер – Ghee.
Ghee во ајурведата и јогата се смета за сатвичка храна — храна што носи чистота, баланс и поддршка за телото и умот.
Тој е богат со добри масти, ја поддржува дигестијата, го храни нервниот систем и се смета за симбол на грижа, топлина и долговечност.
Ова беше подарок што не е само храна за сите учесници — туку порака Хелти за нега, здравје и љубов кон себе.
🤍 Благодарност од срце
Од срце им благодарам на сите што беа дел од оваа средба.
Што си дозволија да бидат отворени.
Присутни.
Свои.
И посебна, искрена благодарност до Млекара Јока за поддршката, довербата и љубовта со која нè почестија.
Искрено можам да кажам — среќна сум, исполнета и длабоко благодарна што на ваков величествен, човечки и свесен начин ја затворивме 2025 година.
✨ И продолжуваме понатаму — со намера
From 11 јануари започнуваме со The January Spiritual Workshops —
секојa недела навечер онлајн, со:
– водени медитации
– теми: карма, Акаша, минати животи …
– споделувања и интеграција
А секој работен ден — јога преку затворена Viber група, како секојдневна поддршка низ јануари.
🎁 Празничната понуда важи до 31.12.2025
👉 Погледнете повеќе информации тука:
🔗 https://healthylifeskills.mk/product/januarski-spirutualen-ciklus-2026/
Овие средби ме потсетуваат зошто го правам ова што го правам.
Затоа што кога ќе се сретнеме — навистина, искрено и од срце —
почнува вистинската грижа за себе.
Love and light
Bibi Pesheva 🤍✨\












