Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Зошто јога на море е најдобар начин да се поврзеш со себе си

  • 02 Мар, 2025
  • Com 0

Во динамичниот свет во кој живееме, полн со обврски, стрес и забрзано темпо, ретко наоѓаме време за себе. Чувството на исцрпеност, емотивна напнатост од тоа што не го завршуваме сите работи на време и недостиг на work- life баланс сè повеќе стануваат дел од нашето секојдневие. Но, замисли да имаш можност да се исклучиш од сè и да се посветиш на своето физичко, ментално и духовно здравје, опкружен со море, природа и позитивна енергија и луѓе.

Ова е токму тоа ти го нуди Јога Активниот Одмор во Ќерет, Албанија – одмор кој не е само физички бегство, туку и длабока внатрешна трансформација.

📅 Датум: 1-8 јуни 2025 
🏨 Локација: Хотел Мерар, Ќерет, Албанија
⏳ Избери своја опција да дојдеш:
🔸 3 ноќевања – 5-8 Јуни , совршено за продолжен викенд  и искористување на неработниот ден таа недела
🔸 7 ноќевања – 1-8 Јуни целосно 7 дневно искуство на регенерација и личен раст и развој

Пишете ни веднаш порака на вибер 070234740 ако сте заинтересирани 


Зошто е добро да дојдеш со нас во Ќерет?

1️⃣ Јога и Медитација на Плажа

Веќе испробано е местото и хотелот. Бевме лани КЛИКНИ ТУКА  и види како си поминавме од прва рака. Во ова прекрасно село, на само неколку чекори од Јадранското Море, ќе ги започнуваш и завршуваш деновите со јога и медитација на плажа. Ќе вежбаме техники на дишење, медитации за смирување на умот и асани кои ќе ја разбудат твојата енергија но навечер ќе работиме и шамански танци и техники за исцелување, ќе имаме работилници за откривање на својата извонредност и многу изненадувања.

2️⃣ Длабока Внатрешна Трансформација

Хелти Јога ретритите се дизајнирани за да ти помогнат да се ослободиш од стресот, да ги ослушнеш своите вистински потреби и да направиш промени во животот. Преку интроспекција, тимски активности и индивидуални техники за емоционално ослободување (EFT),  шамански ритуали, ќе добиеш нова перспектива и мир.

3️⃣ Водство од Искусен Инструктор – Билјана Пешева

Овој ретрит го води Билјана Пешева, автор, тренер, јога инструктор и wellness coach со 30+ години искуство во менталното и емоционалното здравје. Последните 10 години има организирано 20 јога ретрити, менувајќи животи и помагајќи на луѓето да ја пронајдат својата внатрешна хармонија.


Што добиваш со овој јога ретрит?

✔️ Длабоко опуштање и ментален баланс
✔️ Уникатно искуство на јога, медитација и личен раст
✔️ EFT техника за емоционално ослободување и шамански ритуали за исцелување 
✔️ Можност за поврзување со природата и дигитален детокс
✔️ Нови пријателства и инспиративна заедница


Резервирај сега и искористи попуст!

💰 Промотивни цени за рана резервација до 1 април:
✅ 3 ноќевања: 220€ (во цената влегува доручек и вечера, пешкири и лежалки за плажа, целосна јога програма) 
✅ 7 ноќевања: 460€ (во цената влегува доручек и вечера, пешкири и лежалки за плажа, целосна јога програма)
📌 Резервирај со уплата од 100€ и осигурај си место!

📩 Контакт:
✉️ healthyyogaskopje@gmail.com
📲 Вибер: 070234740

✨ Не чекај последен момент – ова е твојата можност за вистинска трансформација! ✨

🚗 Како ќе патуваме до Ќерет, Албанија? 🌊

До прекрасниот Хотел Мерар во Ќерет, Албанија може да стигнеме на неколку начини, а веќе проверен и најудобен начин од минатата година е патување со сопствени возила.

🛣️ Опции за патување:
✔️ Сопствен превоз – Лани се покажавме како одличен тим! Се организиравме во групи од тројца или четворица по автомобил, што го направи патувањето поекономично и покомфорно. Овој начин на патување ни овозможува флексибилност за паузи и пријатно дружење на патот.
✔️ Организиран превоз (комбе/автобус) –  Доколку има доволен број пријавени учесници, организираме заеднички превоз со комбе или автобус. Оваа опција ќе зависи од бројот на заинтересирани  но веќе се работи на тоа и пријавените учесници имаат информација за истото.

🛤️ Маршрута:
👉 Најбрзата и најкомфорната рута е преку Косово – Фуш Круја – Драч – Ќерет. Од Скопје до Ќерет има околу 350 км, а патувањето трае приближно 4,5 часа.
👉 Друга опција е преку Струга – Елбасан – Рогожине, но овој пат, иако покус за 40 км, е помалку удобен за возење.

🌟 Што треба да знаеш?
🚗 Ако имаш сопствено возило и сакаш да повезеш неколку луѓе, ќе помогнеш да се олесни транспортот за групата и трошоците за пат.
📌 Доколку немаш превоз, можеме да те поврземе со некој што има слободно место во автомобил.
📞 За организација на превозот, контактирај нè на healthyyogaskopje@gmail.com или Вибер: 070234740.

✨ Без разлика како ќе патуваме, едно е сигурно – патувањето ќе биде дел од магичното искуство! ✨

💙 Те очекувам во Ќерет, кликни ТУКА и дознај се за овој настан! 💙Билјана Пешева

https://healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2025/03/untitled-design-4.mp4
Споделете на:
Дознај како можеш да ја зајакнеш својата среќа
Љубовта и духовноста: Петте фази на љубовта според древните списи

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се