Вештини за здрав живот

СУНА Хелти Лајф – Скопје

Нашата МИСИЈА е да создадеме општество во кое ќе се разбудат позитивните човечки потенцијали и тоа преку организирање на едукативни и системски интегрирани практики во Макединија и пошироко.

Нашата ВИЗИЈА е подобрување на личниот и професионалниот живот на поединецот но и подобрување на состојбата во општеството.

Нашите активности се насочени кон развој на вештини и знаењата на поединците во граѓанскиот и приватниот сектор, и тоа преку организација и реализација на едукативни семинари, тренинзи, обуки за градење на тимови, подобрување на комуникациските вештини кај поедниците и тимовите во  организациите како и активности кои имаат системски интегриран (холистички) пристап  за подобар личен  развој.

Основач

Билјана Пешева е професионален обучувач за возрасни со национално квалификуван сертификат “Oбучувач за возрасни” со поминато 210 работни часа и национално верификуван сертификат: “Вештини за комуникација, работа со тимови и групи” со поминато 100 работни часа, и “Управување на стресогени фактори” со поминато 100 работни часа, добиени од Центар за образование на возрасни согласно Законот за образование во Република Северна Македонија.

Билјана е дипломиран економист на Економски Факултет во Скопје и со стекнато доквалификација за педагодија и методологија на Филозофски факултет во Скопје, и магистрирано на Економскиот Факултет во Скопје област Маркетинг. Во своето професионално работно искуство има работено во работни организации во развивање и реализација на проекти за одржлив развој и психо-социјални проекти, покасно работи на проекти за развој на современи технологии од област самоуслужни продукти и канали , што моментално професионално го работи.

Од неформално образование има посетувано едукација и групи за раст и развој од област Трансакциска Анализа во Македонија и Србија, повеќе од 500 работни часа. Трансакциска Анализа е правец во психотерапија која ги проучува интеракциите меѓу луѓето односно нивната комуникација. Основач на Трансакциска Анализа е Др.Ерик Берн и според него вербалната комуникација, особено комуникацијата лице во лице е клучна за врските и односите меѓу луѓето.

Билјана има поминато сертифицирана обука “Holistic health and wellness couch” со што има стекнато знаење за холистички (сеопфатен) пристап кон личноста како “Тренер за сеопфатна лична благосостојба”.

Билјана е повеќе од 20 годинини практикант и проучувач на класична јога, медитација и техники за дишење, според учењата на Бихарската школа од Индија. Учител и инструктор е за работилниците “Здив, Вода Воздух” од програмата на Уметност на живеење, и држи обуки, часови и семинари за јога вежби и техники за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек.

Во моментот води обуки, тренинзи, ретрити, кампови и семинари за развој на интелектуални и интерпесонални вештини за индивидуалци и вработени во јавни и приватни организации, обуки за подготовки на проекти, проектни методологии и програми за поддршка на граѓанскиот и државниот сектор.

Област на експертиза

  • Развој на интелектуални и интерперсонални вештини
  • Физичко и ментално здравје и надминување на стрес преку практикување на јога вежби
  • Развој на вештини за одврзување од врските кои ограничуваат- по методот на психотерапевт Филис Кристал (1914-2016)
  • Сеопфатен личен и професионален развој и благосостојба
  • Развој на претприемаштво и развој на бизнис идеи
  • Маркетинг и промоција

Нашите партнери