Тренинг и обуки

За ефикасен и ефективен организациски развој

Стручни обуки за стекнување на интерперсонални и интелектуални вештини наменети за бизнис и граѓански сектор

 

Прочитај Повеќе

Обуки и тренинзи
за вашата компанија

Менаџерите и вработените на сите нивоа мора да имаат развиено вештини за комуникација за да се постигнат ефективни работни релации. Преку самооценка, активности за играње улоги и симулации, оаа обука ги развива потеницијалите на вработените на еден динамичен начин, кој ќе допринесе кон градење на тимска култура. Преку развиените комуникациски вештини, учесниците ќе можат да се справат со сите видови на ситуации на работното место со флексибилен, оригинален и самоуверен пристап и за градење на колаборативни односи засновани врз доверба и почит.

Оваа обука ги истражува различните стратегии за справување со стресот. Учесниците ќе научат како да работат со другите членови на тимот за да создадат поттикнувачка работна средина. Преку практични вежби и техники за управување со стресот секој учесник ќе усвои различни начини за спроавување со стресот.

Конфликтите на работно место се неизбежни во секоја органзиација. Затоа е неопходно вработените на сите нивоа да поминат обука за решавање на конфликти. Оваа програма вклучува сесии за разбирање на различни видови на конфликт на работното место, фазите на конфликтот и можната динамика на конфликтот. Учесниците учат како да водат позитивни и конструктивни интеракции со нивните колеги и клиенти и како да ја трансформираат конфликтната ситуација.

Учесниците на оваа обука ќе ги усвојат вештините за планирање и поставување на приоритети, како и вештините за ефикасно делегирање на задачи. Со овие вештини вратените ќе управувтае фикасно и продуктивнос о своето време и времето на органзиацијата.

Вештините за јавно говорење, презентации и за други формални начини на интеракција честопати се дел од работните обврски на вработените. Формалната комуникација претставува само мал процент од вербалната комуникација што се одвива во рамките на една организација, додека неформалната комуникација може да се одвива на состаноци, меѓу соработниците и на настани во компанијата. Неформалните комуникациски вештини се клучи за секој вработен. Оваа обука ќе ви помогне да ги разберете основните принципи на слушање, убедување и преговарање.

Оваа обука ќе ве научи како да ја претворите секоја идеја во акционен план. Не само што ќе добиете преглед како М.У.Д.Р.О. се поставуваат цели, туку ќе добиете и план за нивно претворање во секојдневни рутини. Без разлика дали станува збор за трчање маратон, пат низ Југот на Европа со автомобил, развој на односи исполнето со љубов и радот или градење успешен интернет бизнис, секое од главните достигнувања започнува со М.У.Д.Р.О. поставување на една цел.

Менаџментот е една од вештините која сè повеќе добива на важност и многу работодавци ја набројуваат како предуслов/предност при вработување. Менаџментот е вештина, клучна за успехот, функционалноста, ефективноста и ефикасноста на една компанија или организација. Стекнатите знаења ќе ви помогнат да ги идентификувате сопствените квалитети и способности потребни за ефикасно раководење.

Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара.
Преговарањето зависи од способноста да се комуницира и токму на тоа ќе работиме на оваа обука. Учесниците преку практични примери и интерактивни вежби ќе усвојат нови техники и вештини за успешно преговарање и подобро позиционирање во животот.

Ова обука опфаќа се што треба да знаете за продажбата од подготовка и планирање, градење релации со клиенти, техники за справување со приговори, до затварање на догвоорот по поволна цена. Така ќе го зголемите вашиот потенцијал за продажба.

Оваа обука нуди корисни и применливи стратегии, каде учесниците ќе научат како да планираат и како да одржат продуктивни состаноци. Тие ќе научат користење на разни алатки за подобро управување на своето време и времето кое го поминуваат на состаноците.

Оваа обука е наменета за стекнување на вештини за одржување на успешни презентации. Начинот на кој се презентираме себе си и своите идеи е од огромно значење за успехот на фирмата. Освен тоа на обуката учесниците ќе се запознаат и ќе ги научат современите презентациски апликации и алатки кои ќе им овозможат интерактивност и структура на темата.

Оваа обука ги истражува различните стратегии за воспоставување на квалитетни релации со клиентите и за воспоставување на силни партнерства со други организации. Учесниците ќе го усвојат светскиот концепт CRM (Customer Relationships Management) и стратегиите кој овој концепт ги има во однос на продажбата и клиентите.

Овој модул овозможува развој на практични вештини кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да се поврзат со сопствените капацитети за да се справат ефикасно со прашања поврзани со здравјето, стресот, исцрпеноста, ритуалите, депресија, вознемиреноста, несаканите емоционални реакции и ограничувања. Wellness концептот е нова парадигма со која сакаме да им помогнеме на луѓето да воспостават контрола врз предизвиците со кој се соочуваат во животот и на работното место.

На оваа обука, учесниците ќе се запознаат со процесот на донесување на одлуки и факторите кои влијаат при одлучувањето. Тие ќе се стекнат со вештини за избор на вистинска одлука кои ќе му овозможат на тимот да биде поефективен во работниот процес.

Решавањето проблеми е ментален процес кој вклучува способност да се анализира и да се изнајде решение кој дава најдобар резултат. На оваа обука учесниците ќе усвојат различни методи за креативно и иновативно решавање на проблемите.

На оваа обука учесниците ќе стекнат нови знаења од областа на иновативност и креативност кои ќе им помогнат успешно да ги развијат своите капацитети. Тие ќе научат како да препознаат и изберат активност која им го поттикнува иновативното и креативното размислување.

За успешно работење на една компанија е неопходно нејзините вработени да бидат способни да ги контролираат и да управуваат со своите и со туѓите емоци. Преку оваа обука учесниците ќе научат како со помош на емоционалната интелигенција, да ги надминат проблемите во комуникацијата на работно место и да создадат пријатна работна средина.

На оваа обука учесниците ќе се запознат со светски познатата техника TQM (Total Quality Management), преку која ќе ги осознаат вештините за одговорно и квалитетно работење.

Понудената БЕСТ методологија е систем на био енергетска синхринзација на тимовите во органзиацијата преку која се воспоставува рамнотежа на телото, умот, меморијата и менталните енергетски полиња и подобрување на протокот на целокупната био енергија низ целото тело. Таа е техника на создавање на внатрешен баланс, развивање на менталнен фокус и креирање синергија во рамите на различните организациски единици кое води кон заедничко решавање на проблемите и развивање на нови пристапи и идеи.

Успехот на една организација зависи од квалитетот на лидерството на сите нивоа во неа. Оваа обука е фокусирана на развој и подобрувањата на индивидуалните лидерски вештини и техники кои се неопходни за управувањето со луѓе и организации.

Тренер  за
понудените области

М-р Билјана Пешева

(СУНА Хелти Лајф Скопје) е магистер по маркетинг на Економски факултет во Скопје. Таа е професионален обучувач за со национален сертификат “Oбучувач за возрасни” со поминато 210 работни часа и национално верификуван сертификат за “Вештини за комуникација, работа со тимови и групи”, добиени од Центар за образование на возрасни согласно Законот за образование во Република Македонија. Во моментот води обуки интелектуални и интерперсонални вештини за комуникациски модели, меки вештини, тим билдинзи, wellness ретрити, јога кампови и семинари за развој на интелектуални и интерпесонални вештини за индивидуалци и вработени во работни и граѓански организации.

Надворешни соработници

М-р. Зоран Стојковски

(Проефект Иново- Скопје) е магистер од областа на развојни студии на Лондон Метрополитен Универзитетот од Лондон и има повеќе од 20 годишно искуство на работа во домашни и меѓународни претпријатија, во област унапредување на организациски перфоманси, организациска одржливост, развој на социјално претприемништво и развој на општествената одговорност. Во моментот води обуки и едукации за раководење со проектен циклус, обуки за подготовки на проекти, проектни методологии и програми за поддршка на граѓанскиот и државниот сектор, обуки за меки вештини и стратегиско планирање.

М-р Александра Ицевски

Магистер по претпремаштво на London South Bank University. Таа живее и работи како бизнис советник на University College во Лондон и има искуство во предавања, коучинг и меки вештини на повеќе универзитети во Лондон. Таа исто така е релационен терпевт и НЛБ Мастер практикант со повеќе годишно искуство во водење на групи. Нејзина цел е да биде инспирација и мотивација на жените со цел да станат успешни и постигнат исклучително високи резултати во областите кои ги осознаваат.

Анета Начевска

Специјалист по медицинска психологија, системски семеен терапевт и професионален обучувач за возрасни според законот за образование во РС Македонија. Има повеќе од десет години искуство во област психологија, психотерапија, и психодијагностика. Има специјализирано на Клиника за Психијатрија и работено повеќе од 6 години како клинички психолог. Моментално работи психотерапевт со возрасни кои имаат потешкотии на професионален и личен план, адолесценти, лица кои биле подложени на семејно насилство, интензивно работи со обуки и коучинг со клиенти. Нејзината цел е психолошка подршка на нејзините клиенти на професионалниот раст и развој со цел максимално развивање на сопствените работни потенцијали и нивно интегрирање во ефикасен тим.

Специјализирани понуди
за личен раст и развој за индивидуалци

Системски интегриран (холистички) тренинг за подобар личен и професионален развој

Успевате ли да одржите рамнотежа во вашиот живот? Сакате ли да ги препознаете своите вредности и своите приоритети, и се разбира да научите како да им посветите доволно време на овие аспекти во животот?

Прочитај повеќе

Системски интегриран тренинг за емоционално ослободување по методот на психологот Филис Кристал

Филис Кристал (1914 -2016) е психотерапевт од школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги и креатор на психолошката техника за емоционално ослободување од лажните врски, идентитети и негативните програмирања кои луѓето ги градат во текот на својот живот.

Прочитај повеќе

Слики од оддржани тренинзи

Нашите партнери

“Многу практични меки вештини и вештини за здрав живот! Навистина добивате она што ви треба на обуките ! “
Елена М, Април 2019

“Топло го препорачувам Healthy Life Skills на секој оној кој сака да работи на себе на физичко, ментално и духовно ниво. Редовните yoga часови се идеално структуирани за да се ослободите од напнатоста, грижите и товарот кои го носи секојдневието, додека yoga retreat-ите се нешто што задолжително треба да се искуси. На нив секогаш нурнувам длабоко во себе, доживувам прекрасни и незаборавни искуства со Билјана Пешева, се збогатувам интелектуално и социјално преку запознавање неверојатни личности со кои се дружам и понатаму. Не двоумете се, пријавете се на следниот час и на следниот yoga retreat, Биби е вистински професионалец кој ќе Ви помогне да ја откриете светлината во Вас.”

Христина В, Мај 2019
“Билјана е тренер со врвен кавлитет и која се дава 100 % на сите вежби и предавања која таа ги држи.”
Матилда С, Декември 2018
“Прекрасно предавање и атмосфера за работа.”
Вера Б, Јануари 2019
“Ако сте почетник таа ќе ве воведе во тајните на медитацијата , јогата, здравиот начин на живот и размислување, кон поврзување со своето внатрешно, суштинско јас , со многу љубов и слобода ! А, ако сте веќе искусни ќе можете со Билјана Пешева да разменувате искуства и заедно да напредувате. Топло ги препорачувам нејзините сесии.”
Даниела С, Декември 2018

“Методата на Филис Кристал ја дознав во Индија, а преку Билјана Пешева започнав да ја практикувам вистински оваа година. Со моето скромно долгогодишно искуство во духовниот развој топло би ја препорачал на секој: најтопло и најискрено ! А Билјана ја дава со огромна љубов. “

Даниел Г, Декември 2018
“Билјана е докажано најдобра во Македонија и пошироко. Патот може е долг но ти Биле, го имаш она што ќе те однесе на врвот! “
Катерина С, Декември 2018