Моментално празен: 0ден
Билјана Пешева
- 14 Мар, 2022
- Com 0
Билјана Пешева
Тренер, јога инструктор, wellness coach
Билјана Пешева е професионален обучувач за возрасни со национално квалификуван сертификат “Oбучувач за возрасни” ,“Вештини за комуникација, работа со тимови и групи” и “Управување на стресогени фактори”, добиени од Центар за образование на возрасни согласно Законот за образование во Република Северна Македонија.
Од неформално образование има посетувано едукација и групи за раст и развој од област Трансакциска Анализа во Македонија и Србија, повеќе од 500 работни часа. Билјана има поминато сертифицирана обука “Holistic health and wellness couch” со што има стекнато знаење за холистички (сеопфатен) пристап кон личноста како “Тренер за сеопфатна лична благосостојба”. Нејзина област на експертиза е • Развој на интелектуални и интерперсонални вештини • Физичко и ментално здравје и надминување на стрес преку практикување на јога вежби • Развој на вештини за одврзување од врските кои ограничуваат- по методот на психотерапевт Филис Кристал (1914-2016) • Сеопфатен личен и професионален развој и благосостојба