Моментално празен: 0ден
Каква енергија има твојата интелигенција?
Со години луѓето го мерат својот коефициент на интелигенција т.н IQ (ај-кју), за да добијат доказ за тоа колку се “паметни”. Во некои општествени кругови, сметаат дека висок коефициент на интелигенција значи престиж и моќ. Имајќи го во предвид фактот дека коефициентот на интелигенција претставува способност на човекот да размислува и логички да резонира во исто време, да се има висок коефициент на интелигенција би значело дека некој е многу паметен. Но, зошто тогаш луѓето со висок коефициент на интелигенција имаат имаат ментални и/или социјални проблеми?
Без разлика дали барате животен партнер или нов вработен за вашата фирма за да процените дали некој е комплетен како личност, освен IQ, потребно е да ги процените кај избраната личност: коефициент на емоционална интелигенција EQ и коефициентот на витална интелигенција VQ.
Овие два нови индикатора се показатели на базични потенцијали кој личноста ги има, а кои дирекно влијаат врз начинот на кој личноста го живее животот, како работи, каков ентузијазам има, како комуницира, итн. Од степенот на развиеност на овие два индикатори на некој начин можеме да го одредиме победничкиот, баналниот или губитнички став на личноста за себе, за животот, за работата или партнерите.
Значи, за да можете да бидете во хармонија со себе и со околината повеќе не е важно да имате висок IQ, туку да имате исто така висок EQ и VQ . Всушност како и се во животот, трикот е да создадете баланс на овие три “енергии”.
Што е коефициентот на витална интелигенција – VQ ?
За да разберете за што зборуваме овде, да го земеме примерот на нашиот организам кој е систем во кој сите органи (срце, мозок, желудник, итн) заеднички работат за да може да останете живи. Сепак иако сите ние ја имаме истата содржина во себе, тенденцијата за живот не е иста кај сите нас. Некои луѓе изгледаат како да имаат поголем апетот за животот, Нетрпеливи се, асертивни, динамични, превземаат ризик, понестабилни се од другите луѓе, итн. За овие луѓе велиме дека имаат висок степен на Витална интелигенција. Зошто? Бидејќи нашиот степен за витална интелигенција е основен индикатор на нашиот идентитет! Тој ни го дефинира степенот со кој ние сме мотивирани да го негуваме нашиот животен план, тоа е тоа што не тера од внатре и не бутка да превземеме акција и делуваме потоа. Нашата Витална интелигенција е наш апетиот за живот ! Ако имаме ислучително низок VQ постојано ке се обидуваме да избегнеме тешки ситуации, бидејки нема да имаме енергија да се соочиме со нив. Од друга страна пак, низок VQ е важен бидејки ни обезбедува, базична контрола и трпение, особено кога се соочуваме со предизвици и тешкотии во животот.
Но дали знаете дека виталната интелигенција се подига со редовно практикување на вежби за физичко и ментално здравје, еве на пример како што е јога-та.
Што е коефициент на емоционална интелигенција EQ ?
Емоциите се манифестираат преку комуникацијата. Обично комуникацијата ја разбираме како рационален процес, со што преку зборови се пренесува некој информација. Но, зошто тогаш информациите се забораваат или погрешно се разбираат. Тоа е затоа што вербалната комуникација поминува низ нашите емоции или чувства. А нашите емоции се начин на кој ние ги информираме другите за напредокот во нашиот живот.
Сите наши емоции укажуваат на различни апекти во нашиот живот а нашиот конефициент за емоционална интелигенција го мери целокупениот потенцијал да продолжиме да живееме независно дали сме успеале во тоа или не. Колку повеке имаме позитивен ЕQ толку сме во подобро расположение и поголема е нашата шанса да преживееме и да се прошириме. ЕQ го покажува степенот на нашите емоции во сега и овде моментот. Но да не заборавиме тие се променливи и во некое идно време сигурно ќе бидат различни.
Е сега бидејки сопствените емоции ве известуваат за тоа на кое ниво сте со вашите животни цели, тие се рефлектираат на вашата работа и личниот живот. Така, се што ви се случува напредокот или падовите на личен план или работа, влијаат врз вашите емоции а со тоа создаваат нови. Свесно или несвесно луѓето ги манифестираат тие емоции каде и да се. Преку нив вие им кажувате на вашиот партнер, директор или пријател, како ви е во животот, дали добро или лошо. Токму поради ова емоциите се критичен чекор во комуникацијата.
Оттука за да создадете баланс во својот живот и имате добра комуникација, може да ја зголемите својата ЕQ и VQ , на еден од следните начини:
- Ако сте љубител на долги разговори и анализи, може да одите на настани каде што има размена на искуства и енергија со луѓе слични на вашите потреби како што се ретрити, групи за раст и развој, танцување.. итн) и ja зголемите вашата емотивна интелигенција EQ
- Ако не сте љубител на зборување за своите емоции, споделување или дружење, постојат низа техники со кој може да се само анализирате и работите на зголемување на вашата витална интелигенција VQ. Јас би ја издвоила ЈОГАТА , бидејќи преку практикување на јога вежби може да ги видите сопствените емоции и да ги канализирате вашите потреби и зголемите вашата витална сила..
Оттука ви предлагам да се приклучите од овој ЈУНИ, на Утринските Јога ритуали кои ќе се одржуваат ОНЛАЈН во работни денови, наутро од 6.45 до 7,10 – Јога вежби и задачи за подобрување на вашето ментално здравје и интелигенција !
Емоциите и виталната енергија не смееме да ги игнорираме ни кај себе, ниту кај другите. Лицата на нашите сoговорници ни зборуваат, нивниот ентузијазам или отпор исто така, исто како што и ние им “зборуваме’ на нив, преку нашето лице и тело! Вештина да умеете да го “прочиташ” соговорникот некој ја имаат во себе несвесно развиено, додека други пак ја развиваат свесно преку личен раст и развој.
Како и да е, се може да научите и променете во животот, само ако доволно многу сакате ! А Ако ви треба мотив и интспирација за тоа приклучете се моите утрински јога часови кои почнуваат на 3 Јуни 2024
Билјана Пешева
Професионален обучувач за возрасни и јога инструктор вo Healthy YOGA