Совладај го својот Зен: Прифати го Автогениот Тренинг и ослободи се од својот стрес
Автогениот тренинг е ефикасна и холистичка техника за релаксација, метод кој овозможува длабока релаксација и отстранување на последиците од секојдневниот стрес.
Брзината на живеење на денешниот “современ” човек, го доведува до состојба на постојан немир и напнатост. Стресот е секојдневен придружник на сите работни места и влијае врз односите и здравјето. Долгорочно влијание на негативниот стрес, може да предизвика сериозни здравствени проблеми кај секој еден од нас. Автогениот тренинг е добра алатка и одбрана од стрес, која денес успешно се користи во психоптерапија. Може да се каже дека автогениот тренинг е ментална вежба која има брз ефект, и е наменета за брзо смирување на разбурканиот ум. Некои оваа техника ја нарекуваат и како – Медитација на западниот свет.
Основач на автоген тренинг е германскиот невролог и психијатар проф. Јоханес Хајнрих Шулц (1884 – 1970). На почетокот на својата кариера тој работел со хипноза кога и го основал Институтот за хипнотерапија во Бреслау. Таму проучувајќи го човечкото тело како реагира додека е под хипноза, утврдил секое чувство создава одредено влијание врз телото. На пример кога телото станува многу тешко, тоа е поврзано е со релаксација на мускулите, додека чувството на топлина е повзано со проширувањето на крвните садови, а со тоа и подобра циркулација на крвта. При тоа тој во редовната практика вовел вежби, преку кои пациентот можел да влезе во состојба на длабока релаксација, слична како во транс или хипноза, и на тој начин ја стимулирал способноста на телото да си помогне само на себе или да го активира процесот на самоисцелување. Денес научните истражувања покажуваат дека автогениот тренинг е моќна алатка во борбата против многу болести поврзани со стресот.
Може уште да кажеме дека автогениот тренинг делува како фластер. Кога ставаме фластер на рана, му дозволуваме на телото да се излекува. Ете така работи автогениот тренинг. Тој ефикасно го поддржува физичкото тело и умот, на начин на кој му овозможува на телото да ја врши самостојно својата работа, и оттука е името автоген тренинг. Или научно кажано, станува збор за пасивна мускулна релаксација, која пак влијае врз смирување на срцевиот ритам и дишењето, додека протокот на крв се зголемува, без несакани ефекти. Но, автогениот тренинг пред се е тренинг, што значи дека треба да се практикува систематски и редовно. Многу е важно оваа техника да ја воведете како ваша секојдневна пракса редовно, за да добиете долгорочни резултати.
Преку инструкциите кои се даваат, се создава автосугестија со која се постигнува психофизичка релаксација. Потребно се многу малку инструкции, трпение и концентрација за да се изведе успешно оваа техника. Па така со помош на концентрација и повторување на инструкциите на водителот, се предизвикува на телесно ниво чувство на тежина во екстремтетите, чувство на топлина, се стабилизира отчукувањето на срцето, се смирува дишењето и абдоминалните органи.
Сесијата се состои од шест вежби, кои се изведуваат полека и за време на тренингот се обрнува внимание на промените предизвикани од повторувањето.
Главните предности на примена на автогениот тренинг се:
- Помага на практикантот да премине од состојба на стрес и анксиозност во состојба на релаксација.
- Ја намалува или елиминира анксиозноста и нападите на паника.
- Ја подобрува самодовербата, сликата за себе и ја зајакнува самодовербата.
- Силно го подобрува квалитетот на сонот.
- Го намалува степенот (кај блага до умерена) депресија, тага,огорченост и љубомора.
- Алатка во процесот на самоактуелизација и дава чувство на контрола над животот.
- Ја подобрува концентрацијата и фокусот, така што практикантите се поефикасни во изведувањето на своите работни задачи.
- Ги ублажува главоболките, настинките и другите тегоби, го зајакнува имунолошкиот систем.
Се повеќе во ова наше модерно општество се појавува потребата од тоа да човекот научи да се опушти и да одржи внатрешен мир и спокој. Оваа техника е едноставна и корисна за секој еден, бидејќи овозможува постигнување на целосна физичка релаксација на телото и умот за кратко време.
Со редовно практикување на автогениот тренинг секоја една личност се заштитува од последиците на модерната цивилизација, ги ублажува своите стрес факторите, ја сочуввува својата енергија.
Ако сакате да ја искусите оваа техника ве поканувам да се приклучите на наредната АВТОГЕН СЕСИЈА во месец Март 2024
Љубов и Светлина
Билјана Пешева
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.
Погледнете ги наредните активности во секцијата настани и/или во нашата продавница и приклучете се !