Филис Кристал (1914 -2016) е психотерапевт од школата на Јунг и Ериксон, автор на голем број книги и креатор на психолошката техника за емоционално ослободување од лажните врски, идентитети и негативните програмирања кои луѓето ги градат во текот на својот живот.

Нејзината приказна започнува некаде во касните пеесети години од минатиот век кога заедно со нејзината пријателка Вирџинија започнуваат да експериментираат со медитации и кретивни визуелизации со цел да се поврзат со изворот на внатрешната мудрост, кого покасно го нарекуваат Повисоката Свест (Higher Conciseness).
Како резултат на оваа техника таа развиваат метод во кој на индивиуалците им дава алатка како да добијат помош и водство од својата повисоката свест.

Своите книги таа ги базирала на психолошките теории на Јунг и Ериксон и нејзините духовни искуства во Индија. Во научниот дел таа поаѓа од теоријата на Карл Густав Јунг кој го дефинирал колективното несвесно, архетиповите и поимот симбол кој се користи на специфичен начин. Таа исто така ги користи и наодите на Милтон Ериксон, кои довеле до нови сознанија од хипнозата и работата со несвесното, опишувајќи го несвесното како дел во нас кој секогаш слуша и прима сугестии, и има своја улога како голем позитивен креативен потенцијал и способност за решавање на проблеми во ситуации, кога свесниот дел на мозокот (умот) е збунет или зафатен со други активности и содржини. Духовниот дел во книгите настанал како резултат на нејзините длабоки духовни искуства, кои таа ги имала на средбите и разговорите со нејзиниот духовен учител Сатја Саи Баба. Таа преку него нашла својата инспирација за пишување на книги и развивање на методот.

Филис-Кристал методата, раскинување на врските се состои од низа на алатки кои помагаат да воспоставиме сопствена рамнотежа, движејќи се на патот кон зрелоста и самореализацијата. Оваа метода се заснова на користење на симболите како оружје со чија помош остваруваме контакт со несвесносто преку визуелизација и медитација.

Оваа техника се состои од низа едноставни вежби преку кои се одврзуваме од оние луѓе кои ни контролираат некој аспект од нашиот живот, но и од стари навики, образци на однесување, чувства и мислења кои врзуваат за минатото и спречуваат да ја употребиме целата наша сила за да создадеме убава и добра иднина за нас и да бидеме тоа што навистина сме. За да ги користиме и научиме овие техники не е потребно претходно знаење туку само желба за промена.

Како што вели самата Филис Кристал во едно од своите книги, оваа метода му помага на личноста да стане целосно независна и самореализирана како човечко битие, кое се потпира на сопствениот внатрешен извор на сигурност и мудрост кој е достапен за секого.

Оваа метода таа ја опишува како константно патување и истражување на себе и своите внатрешни содржини, и истата не е наменета само за психотерапевти, туку и за било кој човек кој сака да внесе промена во својот живот.
Оние кои сакаат да ги развијат сопствените вештини за раскинување на врските по методот на Филис Кристал можат да се пријават на оваа страна и да учествуваат на тренинзите и работилниците креирани по методот на Филис Кристал кои во последните 5 години редовно се одржуваат во целата земја.