Успевате ли да одржите рамнотежа во вашиот живот? Сакате ли да ги препознаете своите вредности и своите приоритети, и се разбира да научите како да им посветите доволно време на овие аспекти во животот?

Сите знаеме дека се е важно во животот, но од суштествена важност е да воспоставите баланс во важните области, за вас, во животот. Времето не минува, ние минуваме низ времето! Но ако го поминувате времето, исполнети со стрес, со анкциозност, чувство на празнина или безнадежност, без здравје или мир… нели е подобро да научите како да ја подобрите својата позиција во животот? Некои од нас го поминуваат времето со пливање, некои со брод, а некои пак прелетуваат… но, како Вие, го структурирате своето време и како го минувате вашиот живот, е тоа е едно од прашањата кое ќе работиме на овој Холистички Велнес тренинг се со цел да се подобри вашата лична и професионална благосостојба.

Луѓето често пати го делот својот живот само на работа и приватен живот, и сакаат да добијат две совршени половини. Но овој концепт и не е толку добар бидејќи не ги зема во предвид моменталните индивидуални цели или приоритети, кои се менливи како што тече времето.

Па така, во рамките на тренингот, ќе употребуваме активности со кои ќе работиме на подобрување на личната и професионална благосостојба, ќе работиме на развивање на здрав начин на размислување и ќе градиме здрави навики. Ќе работиме на откривање на вашите лични стрес фактори и саботажи со кои не си дозволувате да живеете автентично и слободно.

Сеопфатниот – холистички пристап на Велнес тренингот ќе ви даде подршка на патот до остварување на своите цели.

А да работите со свој личен Велнес- Wellness тренер може да биде инспиративно, зајакнувачко и мотивирачко искуство за вас!

Холистичкиот сепфатен Велнес треининг е соработка помеѓу велнес тренерот и клиентот за постигнување на целите на клиентот.

Зошто е добро да дојдете на овој тренинг?

Ако имате потреба да ја подигнете својата благосостојба: физичка, емоционална и ментална ова е право место за вас ! На тренингот ќе направите увид во својата моментална физичка и емоционална состојба, ќе си поставите одржливи стратегии, планови за акција и нови посакувани цели во повеќе аспекти во својот животот:
• здравје,
• благосостојба,
• личен раст и развој,
• партнерски релации,
• кариера и
• финансии

Во зависност од вашиот интерес, област на фокусот може да ви помогнеме да поставувите една од следните цели за подобрување:
• Подобрување на ментално и емоционално здравје
• Промени во животниот стил во однесувањето за подобрување на вашата целокупна благосостојба (здравје, професија, финансии, љубов)
• Советување за исхрана
• Вежбање

Што треба да очекуваш од тренингот?

Посекако велнес тренерот треба да ја слушне вашата лична ситуација, минати искуства и какви се цели имате поставено во животот. Првиот чекор најверојатно ќе биде дискусија за да дознаете што е важно за вас, зошто барате помош и што сакате да постигнете. Од тие првични разговори, заеднички ќе се работи на акционен план или цели.

Кога ви треба велнес тренинг?

Различни луѓе имаат различни потреби кога станува збор за личното добро и здравје. Ако мислите дека некој може да ви помогне да ги идентификувате своите цели, сили и предизвици и да создадете план кој ке го следите за да си постигнете некои цели на личен или професионален план, тогаш може да имате корист од овој велнес тренинг.
Холистичкиот-сеофатен велнес тренинг го третира клиентот како био-хемиски уникатна личност со различни потреби кои го водат кон сопствениот мир и среќа. Истражувањата покажуваат дека добро е кога имаме некој, кој може да разговара со нас за емоционалната, психолошка или физичка состојба. Добро е да имате некој кој ќе може да ја насочи вашата способност за да Вие презвемете големи (или мали, но моќни) промени во вашиот живот.

Групен тренинг

• 2 дена по 6 сесии од 1,5 час (вкупно за цел викенд 18 часа работа)
• Проценка на благосостојба и начин на живеење
• Персонализиран Wellness Workbooks за учесниците
• Усвојување на техники за емоционално ослободување
• Вежби и препораки за исхрана, начин на живот и начин на размислување – индивидуален пристап на секој учесник
• Два месеци поддршка преку маил по завршување на тренингот
• Сертификат за завршен “Holistic Health and Wellness program” 18 часа

Индивидуален тренинг

Индивидуален коучинг во себе може да вклучи една или повеќе вредности од листата подоле во договор со клиентот
• 1 x 1 коучинг сесија (90 минути/сесија)
• 1 х Прашалник за проценка на благосостојба и начин на живеење
• 1 х персонализирана Wellness Workbooks
• Вежби кои вклучуваат препораки за исхрана, начин на живот и начин на размислување – во согласност со психолошкиот профил на клиентот,
• Усвојување на техники за емоционално ослободување
• Јога вежби и техники за дишење
• Поддршка преку телефон и е-пошта помеѓу сесиите
• Сертификат за завршен “Holistic Health and Wellness program”
• Препорачуваме минимум две сесии во еден месец
• Во договор со клиентот за долгорочна соработка за индивидуалните коучинг сесии нудиме поволни пакет цени за поминување на целата програма

Иднивидуалниот коучинг може да биде вистинска инвестиција за вас.

Запомнете дека вашето здравје е вашата најголема инвестиција и за да го направите одржливо и функционално потребно е да направите долгорочни промени и понекогаш треба некој кој ќе ве води, тренира и поддржува.