Од 20 до 23 Октомври 2018 во Бања Банско Бугарија го одржавме традиционалниот Релакс Јога & Спа продолжен викенд.
Овој пат бевме во срцето на термалнно минералните води и планински венци и деновите како и секогаш изобилуваа со вежбање јога, лесни планинарски прошетки , јога вежби и забавни содржини во термалните води како и работилници за само надградба. Деновите беа кратки за се што сакавме да направиме !. Беше уживање да се биде заедно и да се почуствува духот на човечките вредности кои беше проткаен во секојдневната комуникација помеѓу учесниците. Се стекнавме со нови пријателства и нови увиди за себе и своето постоење. И се разбира се гледаме повтрно на некој нареден јога ретрит!