🌀 Дводневен семинар: Ментално и емоционално ослободување со техниките на Филис Кристал

Оригиналната цена беше: 6.000ден.Тековната цена е: 4.500ден.

Дводневен трансформациски семинар со Билјана Пешева за ментално и емоционално ослободување преку методот на психологот Филис Кристал. Вклучува практични техники, медитации, работа со симболи и ритуали за самоисцелување. 🎁 Бонус книга „Водич за ослободување од тага“ за уплати до 20.11.

📅 29–30 ноември 2025
🕚 11:00 – 17:00 часот (вкупно 12 часа практична работа)
📍 Проефект – Центар за обуки, Скопје
(во зависност од големината на групата, местото на одржување може да биде променето)
💰 Цена: 6.000 мкд
🎁 Бонус за уплати до 20.11: 4.500 мкд + бесплатен примерок од книгата
„Водич за ослободување од тага“ (вредност 500 мкд)


🌿 За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите кои чувствуваат дека во себе носат потиснати емоции, стари болки или ограничувачки програми што влијаат на нивниот живот.
Погоден е и за оние кои сакаат да направат чекор кон внатрешно ослободување, рамнотежа и поврзување со повисоката свесност.

🪷 Не е потребно претходно искуство со медитација или терапевтска работа – доволни се отвореност, подготвеност и желба за промена.


💫 Што ќе опфатиме

Во текот на двата дена ќе се работи интензивно и практично преку:

  • техники на Филис Кристал за ослободување од потиснати емоции,

  • водени медитации и визуелизации за поврзување со Повисоката свесност (High C),

  • работа со симболи – Осмица, Круг на светлина, Дрво, Мајско дрво,

  • ритуали за самоисцелување и вежби за освестување,

  • групна работа и лична рефлексија.

Темите што ќе ги истражуваме:

🕊️ ослободување од емоции поврзани со мајката и таткото
🌸 заздравување на внатрешното дете
🔥 прекинување на ограничувачки врски и програми
☀️ повторно поврзување со личната сила и мирот


🎁 Во цената е вклучено

  • 12 часа практична работа (два дена по 6 часа)

  • водени медитации и техники за ослободување

  • работа со ритуали за самоисцелување

  • материјали за вежби и рефлексија

  • бесплатна копија од книгата „Водич за ослободување од тага“ (за уплати до 20.11)


🕊️ За водителот на семинарот

М-р Билјана Пешева
Професионален обучувач за возрасни, wellness coach и јога инструктор, авторка на книгата
„Водич за ослободување од тага“.
Фасилитатор е за методите на Филис Кристал и терапевт за работа со енергетски полиња и семејни констелации.

Од 2013 година води јога часови, медитации и тренинзи за личен и професионален развој.
Нејзиното искуство со методот на Филис Кристал започнува во 1996 година, а во 2001 година лично ја запознава Филис на нејзиниот семинар во Скопје.

Од тогаш, Билјана ги применува и пренесува овие техники преку искуствени работилници и онлајн курсеви, низ кои поминале над 500 учесници.

Од 2018 година развива два формата:

  • 🌿 онлајн шестнеделни курсеви за постепена и длабока лична трансформација

  • ☀️ дводневни семинари во природа или сала, каде учесниците ја искусуваат работата во живо, во исцелувачка групна енергија.

✨ Учесниците добиваат алатки за:

  • ослободување од стари модели и енергетски врзувања

  • воспоставување лична рамнотежа

  • препознавање сопствени потреби и интуиција

  • поврзување со внатрешниот мир и автентичната сила


🌸 КОЈА Е ФИЛИС КРИСТАЛ

Филис Кристал (1914–2016) — психотерапевт од Јунговата и Ериксоновата школа, авторка на неколку книги и креаторка на психолошката техника за емоционално ослободување од лажни идентитети и негативни програмирања.

Нејзиниот метод се базира на работа со симболи, преку визуелизација и медитација, кои овозможуваат контакт со несвесното и изворот на внатрешната мудрост.

Методата:

  • ослободува од луѓе, ситуации или навики што ја контролираат нашата енергија

  • прекинува стари модели и програми

  • воспоставува рамнотежа и поврзаност со личната сила

  • ја буди способноста за љубов и креативно создавање

„Оваа метода му помага на човекот да стане целосно независен и самореализиран, потпирајќи се на сопствената внатрешна мудрост.“
— Филис Кристал