logo

Препознавање и справување со врсничко насилство

Менталната благосостојба на младите oстанува важна тема во Северна Македонија, особено со фактот дека се зголемува процентот на врсничко малтретирање и насилство. 45% од македонските адолесценти имаат проблеми со менталното здравје, коe доаѓа најчесто од (не)задоволството од животот, а се забележува кај младите преку психосоматски појави како што се: главоболки, стомачни болки, нервоза, раздразливост и проблеми со спиењето, па се до долготрајни периоди на нерасположение, анкциозност и дисфункција во социјалното живеење.

Затоа, втора активност од проект HealthyME! беше насочена кон младите со цел да им помогнеме во процесот на растење и осознавање и да ги зголемиме нивните капацитети за справување со врсничко насилство. Па така група од 20 прекрасни деца од две основни училишта од општина Кисела Вода (ООУ Кирил Пејчиновиќ и ООУ Круме Кепески)  беше избрана да учи,  да учествува на дводневниот тренинг, која се одржа во Велес, хотел Романтик на 8 и 9 ноември 2023 година.

Децата активно учествуваа на обуката и работеа на нивните стилови на комуникација, учеа за здравите животни навики и односи, како и за важноста на нивното ментално здравје.

Бевме многу задоволни од нивната посетеност и многу сме среќни дека за време на обуката бевме посетени од кординаторката за EU Civil Resilience Mechanism (CRM) Focal Point на CPM г-ѓа Маријана Манева, која учествуваше на првата сесија.

HealthyME! е финансиски поддржан од проектот на ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, со идентификациски број: EuropeAid/140131/DH/SER/MK имплементиран од CPM Consulting International.

Layer 1