Моментално празен: 0ден
Блог
Healthy Yoga Christmas Brunch- Зошто е важно да се сретнеме пред крајот на годината?
Декември секогаш носи две вибрации… едната е забрзано темпо чувство дека се ближи “крајот’ – пропратено со празнична “треска”, а другото она по интимно според мене а тоа е потребата да се повлечеме внатре во себе – да се стоплиме под кебенце и да се заблагодариме на себе и својот развој во изминатата година. И токму затоа во Healthy Yoga заедницата традиционално секоја година се собираме за да ја затвориме годината на еден свесен, топол и исполнет начин.
Минатата година се сретнавме вака:
👉 https://healthylifeskills.mk/prednovogodishna-sredba-vo-ochi-na-2024/
А нашите средби отсекогаш биле место каде што жените се потсетуваат на едно многу важно нешто:
“Слободата не е да знаеш каде одиш, туку да знаеш дека секогаш си на својот пат..”.
👉 https://healthylifeskills.mk/sloboda-ne-e-da-znaesh-kade-odish-tuku-da-znaesh-deka-sekogash-si-na-tvojot-pat/
Оние кои ме знаат знаат дека секогаш внесувам нови идеи, нови формати и свежа енергија во секоја средба, па затоа овој пат предновогодишниот настан на нашата Хелти заедница ќе го направиме во друг формат на дружење: Healthy Yoga Christmas Brunch

